Направете сами маски за лице кои ќе го спречат појавувањето на првите брчки!

Домашни маски за лице!

За да се спречи појавата на брчки, неопходно е правилно да се грижите за кожата, како што и самите знаете. Брчките не се голем проблем, но многу жени не ги сакаат бидејќи ја намалуваат убавината на нивната кожа и покажуваат знаци на стареење. Меѓутоа, кога ќе се појават веќе е доцна, а жената се обидува да ги отстрани, што е скоро невозможно.

За да не трошите многу пари на секакви производи и препарати кои можеби нема да ви помогнат, направете сами дома природни маски за кои гарантираме дека ќе ви помогнат. Веројатно веќе ја имате секоја состојка!

Маска 1:
Состојки:

– Лажица пивски квасец
– Малку млеко

Во сад измешајте го квасецот и малку млеко и убаво измешајте, додека не добиете густа смеса. Нанесете ја маската на лицето и почекајте околу 10-15 минути да се стврдне. Потоа измијте ја со млака вода и нанесете хидратантна крема што веќе ја користите.

Маска 2:
Состојки:

– Две лажици овесна каша
– Четири лажици млеко

Загрејте малку млеко и измешајте го со овесната каша. Откако ќе ги измешате, оставете ги да отстојат околу 15 минути на собна температура, а потоа добиената смеса нанесете ја на лицето, почекајте околу 20 минути и измијте ја со млака вода.

Маска 3:
Состојки:

– Неколку ореви
– Една лажица слатка павлака
– Една мала лажица мед

Прво сомелете ги оревите, па измешајте ги со слатката павлака и медот. Потоа добиената смеса нанесете ја на лицето и држете ја околу 10 до 15 минути. Исплакнете со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.