Најубавата шминка за пролет 2024: На што е акцентот?

Експертите почнуваат поголемо внимание да им обрнуваме на состојките во производите за шминка и како тие придонесуваат за подобрување на кожата.

Денес, шминката има нова обврска: не само што го украсува, туку и го штити и навлажнува епидермисот во текот на денот. Затоа, козметиката со заштитен фактор сега е задолжителна за новата сезона.

Кои ќе бидат трендовите за убавина оваа пролет дознавме од Севила Таи, шминкерка која работи со многу познати брендови.

Друг тренд кон кој гравитираат шминкерите е изборот на производите според возраста.

Веќе нема смисла да се срамиме од промените што стареењето ги остава на нашето лице. Природната убавина одамна стана норма во општеството. Дури и на модните писти се’ почесто може да се видат модели постари од 40 години, кои шминкерите повеќе не сакаат визуелно да ги подмладуваат со помош на декоративната козметика, истакнува Севила.

Шминката се користи за да се истакне природната убавина на постарите жени. Новиот тренд сугерира дека бројот на проживеаните години е она што не’ прави убави. Има многу мејкап-трендови кои се истакнаа како актуелни за оваа сезона, па сигурно ќе најдете некој кој најмногу ви одговара.

1. Органска „гола“ шминка

Омилената гола шминка ќе остане со нас во пролетта 2024 година со едно мало приспособување: пакувањето и композициите се менуваат. Новиот бран на трендот е поддржан од значењето на органските билни формулации во светот на козметиката, вклучувајќи ги и брендовите за нега на лице.

Благодарение на природниот состав во овој сегмент, денес е лесно да се изберат едвај забележливи подлоги и коректори кои не само што ја трансформираат туку и ја хидрираат и штитат кожата.

2. Кожа како порцеланска кукла

Најжешкиот тренд оваа пролет, а можеби и цела година, е порцеланската кожа налик на кукла. А тоа е благодарение на легендарниот Пет Мекграт, кој создаде шминка „порцеланска кукла“ за шоуто Maison Margiela и буквално го разнесе Интернетот. И додека мејкап-заедницата се обидува да ја открие тајната на таквата кожа, ајде да зборуваме за нејзино приспособување на дневниот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @patmcgrathreal

За да го постигнете саканиот ефект, ќе ви требаат не само течни текстури на хајлајтери од ладни нијанси, кои се нанесуваат на истакнатите делови на лицето, туку и внимателно избрана соодветна нега. Чистењето и негувањето се императив за блескава кожа.

3. Флертувачко руменило

Кокетно розовите образи совршено го освежуваат и го оживуваат лицето, особено по долгата зима. За да постигнете ефект со природен изглед, почнете со нанесување на течна нијанса на руменило на јаболчните коски, па врз него нанесете крем-руменило за дополнителна длабочина и богатство на бојата.

Обидете се да измешате 2-3 различни нијанси, на пример, розова и праска, на слива и портокалова – и создајте сопствена верзија на шармантно и здраво руменило.

4. „Девојка од ванила“

Шминката „девојка од ванила“ се карактеризира со чисто и свежо лице со природен изглед во неутрални бои. Треба да изгледате како воопшто да не носите шминка, но во исто време да имате негуван и софистициран изглед. Изберете лесен ББ-крем подлога и избегнувајте густи, тешки текстури.

За очните капаци, изберете неутрални нијанси: беж, темнокафена и светлокафена.

Што се однесува до карминот, изберете праска или розова нијанса која е колку е можно поблиску до вашата природна боја на усните. Генерално, нијансите и производите кои ја истакнуваат вашата природна убавина се погодни за „девојката од ванила“. И оставете сè тешко и смело настрана!.

5. „Бакнеж на сонцето“

Во центарот на вниманието се пегите на лицето кои не треба да ги криете, туку лежерно да ги истакнувате. А во тоа ќе ви помогне шминката „бакнеж на сонцето“, еден од најголемите мејкап-трендови за 2024. Потпрете се на лесна подлога или, доколку вашата кожа дозволува, само на хидратантни кремови.

6. Холографски нијанси

Оваа техника на шминкање вклучува сенки за очи и хајлајтери во комплексни нијанси, вибрантни  различни бои и со росна завршница. Едноставно, нанесете тенок слој течен холографски хајлајтер за да ја истакнете вашата шминка.

7. Природни и негувани веѓи

Трендовите на ова поле постојано се менуваат. И ако модата од 1990-тите и раните 2000-ти нè натера да се потсетиме на тенките веѓи, тогаш оваа пролет се актуелни меките, природни форми на негувани веѓи.

8. Монохроматска шминка

Минатата година монохроматската шминка стана вирален тренд. Видовме чисто розови мејкапи со портокалови или кафени подтонови. Трендот ќе продолжи и оваа пролет! Меѓутоа, сега не мора да го користите истиот производ на очите, усните и образите. Можете да користите различни производи, но под еден услов: тие мора да бидат во истата шема на бои.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.