Шакира го прекина молчењето за неверството на Пике: „Многу е тешко да се зборува за ова, пробувам да ги заштитам децата“

Генерално, тешко е

Колумбиската пејачка Шакира (45) првпат проговори за својата шокантна разделба од Жерар Пике по 12 години заеднички живот и две заеднички деца, но одлучи да не зборува за неговата нова врска со многу помладата девојка, за која сите тврдат дека е нејзина копија.

Шакира беше искрена за тоа колку животот ѝ бил тежок изминатите месеци, бидејќи врската со 35-годишната фудбалска ѕвезда потполно се распаднала. Пејачката со фудбалерот има два сина над кои од неодамна доби потполно старателство и тоа со одлука од судот – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша ќе живеат со мајка им, а сега го даде првиот јавен коментар за разделбата.

За ова е навистина тешко да се зборува јавно, особено затоа што првпат зборувам на оваа тема во едно интервју. Досега само молчев и се обидував да ја обработам целата ситуација. Ух, и да, тешко е да се зборува за тоа, посебно затоа што се’ уште поминувам низ тоа, и затоа што сум постојано во јавноста и затоа што нашата разделба не е обично разделба, ова не е тешко само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко“, објаснува пејачката.

Го спомена и целото нејзино семејство на кое тешко им падна постојаното следење и објавување детали од нејзиниот приватен живот.

Генерално, тешко е. Се обидував да ја сокријам ситуацијата пред своите деца. Се трудам тоа да го направам и да ги заштитам, бидејќи тоа е мојата мисија, број еден во животот. Но, тогаш ќе слушнат некои работи во школо од нивните врсници или ќе наидат на некои непријатни вести на Интернет и тоа навистина влијае на нив…, заклучи Шакира.

Шакира ја прашаа како ја прифатила нивната врска за готова, но пејачката остана воздржана во врска со новата романса на својот сега веќе поранешен партнер.

Мислам дека тие детали се премногу се приватни за да ги споделам, барем во овој момент… Се’ е толку сурово и ново. Многу сакам да кажам дека се’ што имав вложив во тој однос и своето семејство“, тажно изјави Шакира.

Зборуваше и за тоа како имала „номадски живот“ пред да почнат нивните деца на училиште, а потоа дека се преселиле во Барселона поради фудбалската кариера на Пике наместо да се преселат во САД поради музиката.

И така, еден од нас мораше да го вложи тој напор и да се жртвува. Јас го направив тоа, ја ставив својата кариера во втор план и дојдов во Шпанија да го поддржам за да може да игра фудбал и да освојува титули. Тоа беше жртва од љубов. Благодарение на тоа, моите деца добија ваква мајка, а јас со нив имам неверојатна конекција која е нераскинлива и која не’ оддржува. Тоа е тоа. Тоа е се’ што можам да ви кажам“, заврши колумбиската пејачка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.