Заштитете ја вашата кожа во зимскиот период: 5 совети кои го хидрираат и негуваат вашето лице и тело!

Еве како да ја одржите вашата кожа свежа,без студот да биде проблем...

Ладниот и сув воздух може да ја исуши и иритира нашата кожа, па затоа е многу важно редовно да се грижиме за неа, особено во зимскиот период.

Освежете ја вашата кожа и избегнете го нејзиното сушење и иритација, погледнете ги овие совети.

  1. Од ладно на топло

Обично откако ќе поминеме време надвор, веднаш сакаме да се стоплиме, но овие големи промени на температурите воопшто не се добри за вашата кожа. Затоа, намалете го драстичното менување од топло на ладно, балансирано прилагодете ја температурата, без претерување. Колку е потопло, толку е посув воздухот.

  1. Температура на водата

Топлата вода може само дополнително да ја исуши кожата. Постои едно лесно правило кое треба да се следи, а тоа вели дека ако кожата поцрвене, водата е премногу топла. Истото важи и за миење раце. Се чини дека топлината помага, но всушност постои поголема шанса за создавање мртви клетки на кожата, кои последователно се појавуваат многу повеќе и создаваат иритација.

  1. Креми за раце

Честото миење на рацете може да ја исуши кожата, што може да биде многу досадно, но затоа е многу важно редовно да користите соодветни креми. На тој начин доволно ќе ја „храните“ вашата кожа.

  1. Крема за сончање

Да, кремата за сончање е многу корисна, дури и кога надвор е мрачно, зимско време. Снегот ги рефлектира сончевите зраци, што пак ја зголемува вашата изложеност на УВ зрачење, кое е исто така одговорно за брчките. Тоа значи дека без разлика каде и да сте многу е важно да нанесувате крема за сончање и во зима, не само во лето.

  1. Добра исхрана и многу вода

Исхраната игра голема улога во негата на кожата и нејзиниот изглед. Најзабележителни промени се на лицето кое е најмногу подложно на мозолчиња и иритации, но не очекувајте неверојатно драстични резултати, бидејќи исхраната е само еден дел од процесот. Пиењето многу течности, на пример вода, е идеално за освежување на нашата кожа.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.