Непланирана бременост: Оваа дама од семејството Ѓоковиќ решила да го задржи бебето (фото)

Некои одлуки се тешки...

Фото: Getty Images / Matthew Stockman

Мајката на Новак Ѓоковиќ проговори за првата бременост

Мајката на Новак Ѓоковиќ за време на ТВ гостување, Дијана Ѓоковиќ призна дека непланирано забременила со Новак. Со оглед на тоа дека релативно кратко се забавувала со Срѓан Ѓоковиќ, таа јасно му ставила до знаење дека не очекува ништо од него.

„Му кажав на мојот сегашен сопруг, тогаш момче, дека ќе го задржам детето и дека нема никакви обврски. Јас сакав да го родам тоа дете, тој како и да одлучи. Не можев да барам нешто од некој со кој сум во врска само неколку месеци, тоа ми беше премногу“, изјавила мајката на Новак Ѓоковиќ.

Меѓу другото посветила минути и за тоа како таткото на Новак од денешна перспектива гледа на таа одлука.

„Одвреме-навреме ме прашува: „Што ќе се случеше да не се омажев за тебе, дали ќе ми дозволиш да го видам Новак?“ Јас со насмевка одговарам: „Кој вели дека ќе беше Новак? Кој знае, можеби ќе се викаше поинаку, но прашање е што ќе беше““, изјавила Дијана.

Родителите на Новак Ѓоковиќ се запознале на Копаоник, кога мајката му отишла да полага испит за инструктор по скијање. Брзо се родила љубовта меѓу нив, која ја крунисале и со брак од кој имаат три сина: Новак, Марко и Ѓорѓе.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.