Марија Жежељ е во врска со милијардер! Таа прва почнала да му се додворува!

Жежељ добро знае на кого треба да се додворува...

Марија Жежељ има 23 години и е една од најангажираните српски манекенки во светот. Таа го привлече вниманието на светската јавност кога стана заштитно лице на брендот за шминка на пејачката Ријана. Успешна е и како Јутјуберка, на оваа платформа има над 400.000 следбеници, а во 2017 година ја сними својата прва песна на англиски јазик која има повеќе од 20 милиони прегледи.

Убавата манекенка и пејачка од Србија, започна емотивна врска со Алистер Баркли, синот на британскиот милијардер Сер Дејвид Баркли.

Според добиените информации, Жежељ го направила првиот чекор во запознавањето со нејзиниот нов љубовник.

На Марија веднаш и се допадна Алистер. Тие двајца денес немаше да бидат заедно доколку таа не го направеше првиот чекор. Го запознала преку пријател, исто така модел. Прва таа му пришла и го замолила да одат на состанок, уште повеќе, двапати го прашала. Отпрвин тој одбил, што таа го разбрала, за следниот пат да биде подиректна. Таа му рекла: „Очигледно е дека се допаѓаме, зошто да губиме време? Навистина ми се допаѓаш“ – изјавил извор за локалните медиуми.

Се гледа дека Марија ужива во животот заедно со нејзиниот нов дечко, фотографиите кои ги објавува на Инстаграм најчесто се од нивните патувања, а некои од модерните дестинации на кои оделе се Кан, Хаваи, Бахамите, италијанските Алпи…

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.