„Нејзиното лице кажува дека никогаш нема да му го прости неверството“: Обожавателите го преколнуваат пејачот да се разведе!

Детето не го решило проблемот

Џастин Тимберлејк веќе не се одвојува од Џесика Бил, неговата сопруга, но нивните обожаватели забележале дека нешто не е во ред

Џастин Тимберлејк како да упаѓа од една кризна ситуација во друга, а сето тоа започна пред 2 години кога беше уловен како се милува со колешка на сетот. На насловните страници на сите медиуми експлодираа фотографии на кои тој разменува нежности со колешка и на кои јасно се гледа дека е интимен со друга жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Biel (@jessicabiel)

Само што стивнале озборувањата, а Џесика и Џастин се притаиле, изби нов скандал. Излезе книгата на Бритни Спирс во која пејачката наведува дека била бремена од Џастин, но абортирала, бидејќи Џастин не бил подготвен за бебе и сметал дека се млади.

За да бидат нештата уште полоши, во тој период Џастин објави нов албум и наведе дека нема никаква намера никому да му се извинува.

Оваа негова изјава беше пречекана со негодување на социјалните мрежи. По неколку месеци поминати подалеку од очите на јавноста, Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се појавија на доделувањето „оскари“. Пред доделувањето дури и објавија видео на Инстаграм, на кое заедно подготвуваат ужина за на црвениот килим. Меѓутоа, обожавателите под сите нивни објави почнаа да ги пишуваат следниве коментари…

„Како воопшто да не се блиски“, „Изгледа како да плачел цела ноќ“, „На нејзиното лице пишува дека никогаш нема да му прости“, „Ве молам, разведете се!“

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.