Се омажи Тања Савиќ! Ниту родителите не знаеле за тајната венчавка: Ова се деталите (ФОТО)

Се омажи Тања Савиќ, пренесуваат медиумите.

Во еден популарен таблоид се наведува дека естрадната уметница која се прослави благодарение на учеството на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се омажила тајно, далеку од фоторепортерите и јавноста, а очигледно не биле информирани ниту нејзината сестра, ниту нејзините родители.

Откако Тања Савиќ и згодниот пилот Мухамед Бешиќ, познат како Муки, во септември коментираа дека се свршиле и дека наскоро планираат да одредат датум за венчавка, сите нетрпеливо чекаа кога јавно ќе ги објават деталите околу организацијата.

Медиумите се надеваа дека навистина од неа ќе ги добијат сите потребни информации, па дури и фотографии од свечениот чин кој и се случува вторпат во животот.

За жал, Тања овојпат одлучила да го направи тоа во строга тајност, на интимна церемонија на која наводно ќе присуствуваат само таа, нејзиниот дури 11 години помлад избраник и кумовите.

Со оглед на тоа што пред половина година сними видео за чии потреби облече венчаница, фановите можеа да се уверат дека проблемите заради разводот со нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ и борбата за старателството над синовите Ѓорѓе и Максим не ја скршиле пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Не се сомневаме дека, ако приказната за венчавката е вистинита, Тања и овојпат блесна во полн сјај и дека облече прекрасна венчаница. Се шпекулира и дека Муки не се посрамотил.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.