Ако постојано се жртвувате, но никој не го гледа тоа, кажете си ја оваа реченица: Работите веднаш ќе ви тргнат на подобро

Изговорете ги овие моќни зборови

Фото: Unsplash

Секогаш имајте на ум дека токму најмрачните времиња се предвесник на зората

Доколку постојано се жртвувате за семејството, децата, родителите, партнерот, колегите, и никој не го гледа тоа, само кажете си го ова: „Веќе е исплатено“.

Оваа фраза не е поврзана со парите, туку со нашата женска навика да се жртвуваме, да направиме сè како што треба, да постигнеме сè што бара животот од нас, а притоа се ставаме себеси на второ место и кога ќе добиеме внимание или наградата за трудот, ние чувствуваме: вина, срам, горчина, немоќ, апатија.

Во тие моменти треба да си кажеме: веќе е исплатено. Бидејќи навистина сте го исплатиле.

Сте го исплатиле со маки, страдање, депресија, болест, убавина, нерви, непроспиени ноќи, лоши избори солзи и со сè што ви се случувало во животот, со сè што сте поминале и преброделе.

Никогаш немојте да мислите дека немате право на нешто.

Имате право на апсолутно сè на овој свет: на сакана личност, на семејство, на омилена активност, на сите погодности што ги сакате.

„ВЕЌЕ Е ИСПЛАТЕНО“ имплицира на тоа дека имате право на среќен живот СЕГА.

И токму сега можете да престанете да плаќате со своето здравје, со убавината и менталната состојба.

Не треба веќе да се жртвувате.

Начинот на којшто се доживуваме себеси и начинот на којшто нè доживува светот. Моментално можете да си дозволите повеќе.

  • Дали сакате вашата сакана личност да биде во ваша близина? Веќе е исплатено!
  • Дали сакате да престанете да се грижите? Веќе е исплатено!
  • Дали сакате среќен живот? Веќе е исплатено!
  • Дали сакате многу пари? Веќе е исплатено!
  • Дали сакате да направите нешто лудо? Веќе е исплатено!
  • Дали сакате да бидете свои? Веќе е исплатено!
Зошто жените кај нас изгледаат старо по 50-тата година: Се претвораат во баби поради следниве 5 работи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.