„Ме изневери со девојка која има помалку години од нашиот брак“: Начинот на којшто ѝ го соопштил тоа е брутален!

Исповед на изневерена сопруга

Исповед на жена која доживеала големо понижување од неверниот сопруг

Прочитајте ја исповедта на оваа изневерена сопруга и размислете како вие би реагирале во ваква ситуација.

„Во глава си го вртам истиот филм секогаш: мојот сопруг има секс со жена која е помлада од нашиот брак.

Остави сè поради неа, а замислете си – таа е толку млада што сè уште живее со родителите!

Никогаш не сум доживеала вакво понижување, а имам 54 години!

Поминаа веќе неколку недели откако ме остави. Не ми ни даде објаснување, го начекав како се пакува еден ден, мислејќи дека сум на работа.

Изеле дека девојката, која е една година помлада од нашата ќерка, ја запознал на пливање. Кога го начекав како нервозно ги пакува работите, се исправи и ми кажа:

„Сакам да постапам правилно, ете, тебе ти ја оставам семејната куќа.“

Полудев! Подоцна дознав дека таа целото време занела дека тој е оженет човек. Дека има семејство и ќерка, која е постара од неа.

Со денови земам апчиња за спиење со надеж дека ќе заборавам на сè. Само сакам да се разбудам и да сфатам дека ова е еден голем кошмар!“

„Советувам да му го простите неверството на сопругот само во еден случај“: Познат психотерапевт за изневерувањата во бракот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.