Усни ко ванила, појака е од текила: Јанг Дади со новата музичка нумера „Бали, Аргентина“ ја освои јавноста! (ВИДЕО)

Дали ја слушнавте?

Не престанува да ги изненадува фановите, контиунирано работи на својата музика и секогаш успева да се најде на трендинг листата. Младиот артист Јанг Дади, поточно Давид Даниловски не мирува, само две недели по неговата колаборација со Млада Беба „Пусти да те вози“, продолжи со иста брзина да вози по патот кон успехот, без никаква најава ја објави својата најнова песна „Бали, Аргентина“.

Стандардно, зад музиката и текстот стои Давид, Микс Мастерот и аранжманот се на Андреј Николов, а битот е дело на JustRTProduction. За музичкиот видео запис се погрижија Broken Siemens од Бугарија.

Иако е објавена вчера, „Бали, Аргентина“ дефинитивно е добро прифатена од страна на публиката, а тоа го докажува фактот дека се наоѓа на 28-то место на музичката трендинг листа на Јутјуб.

Може да се забележи неговата посветеност и работливост, талентот е неспорен, затоа Дади нема да не изненади доколку објави уште некој нов хит за кратко време.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.