Подарок за чиста и блескава кожа: Cerave Blemish Control Cleanser Gel

Како до подарок? Вака!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Септима“ подарува еден производ за чистење лице Cerave Blemish Control Cleanser Gel. Нежно ја чисти кожата и се бори против појавата на дамки, без да ја наруши бариерата на кожата благодарение на смирувачките состојки во својот состав.

CeraVe Blemish Control Cleanser е специјално формулиран за кожа склона кон дамки. Освен што ја намалува појавата на дамки и митесери, ова средство за чистење го отстранува и вишокот маснотии и го подобрува изгледот на порите. Содржи 2% салицилна киселина за да помогне во намалувањето на флеките заедно со ниацинамид и церамиди.

Всушност, церамидите се основата на секој производ на Cerave и овој не е исклучок. Салицилната киселина нежно ги ексфолира мртвите клетки на кожата кои можат да ги затнат порите и да придонесат за појава на флеки. Дополнително, ова средство за чистење содржи хекторит-глина, прочистувачка глина која го апсорбира вишокот маснотии и на тој начин го намалува несаканиот сјај.

Како заклучок, со текстурата од гел-пена, обезбедува нежно чистење кое не ја оштетува природната бариера на кожата.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.