Подарок: Еfekta Multiforte, Marisol Ectoin и Dr Plant Shea Butter за подобро здравје и нежни раце

Како до подарок? Вака!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Есенса“ ќе израдува една читателка со два производа за подобро здравје: Efekta Multiforte и Marisol Ectoin, плус медицински крем за нега на рацете Dr Plant Shea Butter.

Efekta Multiforte шумливите таблети се витаминско-минерален додаток во исхраната кои содржат комбинација од 10 витамини, 13 минерали и инулин. Идеални се за надоместување витамини и минерали кои во текот на денот не се внесуваат преку храната во доволна количина.

Инулинот во Efekta Multiforte шумливите таблети остварува и други поволни здравствени ефекти затоа што придонесува за развој на корисни бактерии во цревата.

• Оптимална доза витамини за енергија и виталност
• Само една шумлива таблета дневно
• Природна арома на тропско овошје
• Без шеќер

Marisol Ectoin спреј раствор за нос е изотоничен раствор на морска сол со ектоин. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во сезона на алергии.

Благодарение на ектоинот на сигурен и ефикасен начин ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина.

Ектоин е природна супстанција која се добива од микроорганизми (екстремофили) кои живеат во многу неповолни услови (висока температура, УВ зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови од средината, екстремофилите реагираат со лачење на ектоин, кој ги стабилизира клетките, го штити имуниот систем на кожата и остварува долготраен ефект на хидратација.

Ја штити слузокожата на носот од иританси, алергени, делува цитопротективно, ги намалува воспаленијата и ја штити слузокожата од сушење.

Dr Plant Shea Butter медицински крем за раце содржи ши путер, арганово масло и витамин Е.

Сите овие состојки заедно создаваат заштитен филм на кожата, кој ги активира природните механизми на самата кожа и овозможуваат долготрајна заштита од негативните надворешни влијанија.

Ваквиот богат состав ја заштитува, храни, обновува и омекнува кожата така што овозможува длабока и долготрајна хидратација и со тоа го спречува нејзиното сушење, бидејќи дехидрираната, сува и осетлива кожа воедно е груба и испукана

Дејствува регенерирачки и противвоспалително, па погодна е за нега на кожа склона на екцеми и алергии, за подобрување на еластичноста, кај ткиво со лузни и заноктици.

Tuba Shea Butter Medicinski Krem Za Ruke

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.