FOKABO: Градска модна приказна со театарскиот режисер Милош Андоновски во главната улога

Убавина и стил

Историја вредна за восхит – „Фокабо“ одбележува голем јубилеј, 55 години постоење

Инспирирани од машкиот изглед на црвениот килим, во соработка со „Фокабо“ и театарскиот режисер и професор Милош Андоновски, претставивме наша визија на модерниот џентлмен.

НОВА КОЛЕКЦИЈА

Покрај доминантното промовирање на минимализмот во машката мода претходните сезони, дизајнерите почнаа да се оддалечуваат од овој тренд и да се впуштаат во нова игра на трендови, која ќе ја промовира самодовербата на мажот. Во новата колекција на „Фокабо“ ќе пронајдете голем избор на кошули и костуми во различни кроеви.

Во пресрет на матурските прослави и венчавки, во согласност со трендовите, колекцијата е надополнета со голем избор на необични, модерни бои и дезени. Целиот изглед можете да го комплетирате на самото место со квалитетни чевли и модни додатоци. Костумите на „Фокабо“ се изработени од природни и комбинирани материјали, а изборот е неограничен и приспособен за сечиј буџет.

ИСТОРИЈА ВРЕДНА ЗА ВОСХИТ

„Фокабо“ одбележува голем јубилеј – 55 години постоење. Од основањето во 1969 година, култниот бренд е секојдневен моден избор на многу бизнисмени, јавни личности и деловни луѓе. Господата често го посетуваат култниот продажен салон на „Фокабо“ во Градскиот трговски центар за да се стилизираат и за големи градски манифестации како и за важните лични прослави.

Машките кошули и софистицираните костуми се парчиња кои се темел на кој се гради машкиот стил. Тие ги преживеаја променливите трендови и остануваат суштински во гардеробата на секој маж кој ги цени квалитетот, функционалноста и беспрекорниот изглед, а токму тоа е тајната на долготрајноста на „Фокабо“.

ПОДГОТВИЛА: Јована Стојменовиќ

ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА: УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ

ФОТО: БОДАН ПЕТРОВСКИ

МОДЕЛ: МИЛОШ АНДОНОВСКИ

ЛОКАЦИЈА: ГТЦ, Fokabo

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.