Што ни подготвија козметичките куќи овој месец…

Црвено злато: Acqua di Parma го истакнува вродениот раскош на шафранот со нота на цитрус, осветлувајќи ги неговата топлина и длабочина, а со тоа создавајќи уникатна, сјајна и зачинета сензација.

Додека златните искри танцуваат на моќниот зачин, допир од блескави цветни етерични масла од цвет од портокал, јасмин самбак и здравец, дополнително го зајакнуваат срцето на композицијата.

Дрвенести и килибарни ноти на тонка зрно и ванила, омекнати од мрачните акценти на шафранот, создаваат интригантна и неочекувана хармонија. Zafferano од Acqua di Parma е суптилен шепот во сетилниот свет и тивко самоуверен мирис создаден за вас и за вашите блиски.

Компанијата Chopard датира од 1860 година и е меѓу петте топ светски произведувачи на луксузен накит и часовници. Колекцијата Haute Parfumerie нуди луксузни парфеми за мажи и жени инспирирани од најпознатите симболични градини во светот.

Градините на тропските предели, Градините на рајот и Градините на кралевите. Gardens Of The Tropics е колекцијата на луксузни парфеми инспирирана од атмосферата во бујните, егзотични пресели.

Gardens Of Paradise е колекција, која е инспирирана од мистичните градини на арапската цивилизација, додека Gardens Of The Kings е колекцијата инспирирана од најфиниот уд, Oud Assafi помешан со најдобрите природни состојки. Вистинска ода на гламурозното зелено!

Barbepil Folisan Man е лосион за домашна употреба по депилација или бричење. Формулиран со салицилна киселина, овој лосион спречува и третира враснати влакна, како и инфекции и воспалувања на фоликулите.

Функционира како кератолитички агенс, пилинг на горните слоеви на кожата за да им помогне на новите влакна да стигнат до површината на кожата. Неговите антисептички својства ги неутрализираат бактериите одговорни за инфекција, додека неговото антиинфламаторно дејство ја смирува иритацијата.

Врвен завршен допир на кожата со пудрата во прав Powderfull, AURA! Со својата лесна и воздушеста структура прави кожата да изгледа совршено свежо и природно. Минералните елементи овозможуваат текстурата на правот да се „соедини“ со кожата, поради што и чувството на лицето е многу пријатно.

Ново во Еликсир ексклузив – Franck Boclet, наспроти актуелните трендови е креатор на екстремно мажествена и контрадикторна женска мода и креира оригинални niche мириси.

Брендот нуди две исклучителни мирисни линии: Fragrance Collection, која вклучува 24 различни мириси (eau de parfum) со 20% концентрираност, и Rock & Riot линијата (perfume extract) со 2 колекции: Black Edition и Ivory Edition. Страстен за современата уметност, дизајнот и музиката, Franck Boclet е инспириран од сè што допира до него: рок-иконите од 1980-тите, детаљ виден на филм, дело откриено во музеј, комичен стрип, пејзаж или допир на материјал…

Franck Boclet парфемите може да ги пронајдете во Еликсир ГТЦ, ТЦ Рамстор, Diamond Mall, како и онлајн на www.e-elixir.mk

Новата линија на нега на лице од Bioten Hydro X∙Cellсо 96% состојки од природно потекло, е вашиот дневен засилувач на хидратација, кој моментално го подига нивото на влажност на кожата!

Нејзината лесна и истовремено ултрамоќна хидратантна формула, која содржи 5% мултиактивен навлажнувачки комплекс, е составена од целуларна вода од 100% природна спирулина, хијалуронска киселина и фитоцерамиди.

Париската модна куќа Maison Margiela отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода, а тоа го рефлектираат и парфемите со потпис на брендот.

Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година, а сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени.

Се работи за мириси што ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените.

 

Надја Пајо беше една од првите Французинки што доби диплома по медицина, на почетокот на 20 век. Независната жена гледаше на убавината како начин да ги ослободи жените и во 1920 година создаде бренд што ќе го отелотвори токму тоа: PAYOT.

Таа го искористила своето научно знаење и природните состојки што ги нашла во продавниците на билкарите во тоа време за да развие производи за нега со корисни својства. Тие вклучуваа смирувачки продукти (Numéro 2) и негувачки кремови (Nutricia).

Најпознатиот култен производ на PAYOT е Pate Grise, препарат против дамки, создаден пред повеќе од 70 години, а сè уште се продава на секои 5 минути ширум светот.

Нејзината желба беше да го размрда традиционалниот пристап кон убавината нудејќи похолистичка визија каде што кожата, телото и внатрешната благосостојба формираат трајна целина.

На овој начин, таа се трудеше да им помогне на жените да ја преземат сопственоста на нивната убавина: филозофија што продолжи 100 години подоцна од страна на мажите и жените кои тргнаа по нејзините стапки.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.