Едукацијата и поддршката се клучни за надминување на тешките поглавја во животот

Заедно сме посилни!

Членовите на Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци, со претседателката Весна Ѓорѓиева и координаторката Марија Камчева организираа едукативен настан под мотото „Твојата битка со ракот е наша заедничка борба“.

Здравјето на мажите и жените е од непроценлива важност и предуслов за квалитетен живот, а задолжителен е мултидисциплинарен пристап со заедничко дејствување на севкупното општество. По тој повод, професионалците од областа на здравството се вклучија во борбата против ракот на дојка со своите одлични, едукативни и мотивациски излагања.

На настанот зборуваа дипл. фармацевт Катерина Арсовска од аптеките Бела фарм Неготино и Кавадарци, д-р Гордана Ѓорчева Камчева спец. радиолог од општата болница Кавадарци, м-р д-р Наташа Теовска Митревска спец. дерматолог од општа болница Ре-Медика Скопје, д-р Виолета Димитрова спец. физикална медицина од општата болница Кавадарци, м-р фармацевт Теодора Гудевска, козметиката Vichy и бренд-менаџерката на Септима, Ивана Јанева Попов.

ДАЛИ РАКОТ НА ДОЈКА СЕ ХРАНИ ОД ТАГАТА?

Септима продолжува со поддршка и учество на едукативни предавања и ги кани сите заинтересирани читателки да присуствуваат на панел-дискусијата „Дали ракот на дојка се храни од тагата“, која ќе се одржи во рамките на Профемина 2023.

Ракот на дојката ни потврдува дека оваа болест не познава старосни граници, но висок процент жени може да се излекуваат доколку се открие навреме. Меѓутоа, освен физичкото исцелување, што подразбира достапност на нови лекови и дијагностика, на жените им е потребна и подобра психолошка, финансиска и друга поддршка.

Затоа и на Профемина ќе зборуваме за ракот на дојка и ќе ги поддржиме жените што минуваат низ тунелот на лекување!

Повелете на Профемина 2023, на 23 ноември во Холидеј ин, од 10-18 часот.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.