ТАЈНИТЕ НА НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИ ЖЕНИ ВО ЧЕТИРИЕСЕТИТЕ ГОДИНИ:

Совети од холивудските стилисти кои ќе ви помогнат да изгледате како ДИВА.

Совети од холивудските стилисти кои ќе ви помогнат да изгледате како ДИВА.

Возраста не е пречка за добар стил. Напротив – модата за дамите во петата и шестата деценија е уште пошик.

Кога ги спомнуваме зборовите „жени“ и „мода“ во истата реченица, поради некоја чудна причина многумина мислат дека тоа се некомпатибилни работи, веројатно благодарение на вкоренетата стигма која вели дека жените после педесет (некогаш и помлади) треба да се закопчаат до грло и заробена во кујната. Сосема неосновано! Модата за жени над 40,50 години е уште пошик, а стилот што го негуваат познатите дами кои ја газат шестата деценија (и седмата!) е далеку пософистициран и забавен од оној на младите дами.

Некои од очигледните примери се Сара Џесика Паркер, Моника Белучи, Мишел Обама… Холивудските стилисти кои ги облекуваат најпознатите жени во светот откриваат како можете да блеснете во најдобро светло и да се облечете совршено по педесет. 

1. Безвременски класици Не сакам трендови во ниедна возраст. Секој стил треба да биде безвременски, шик и софистициран. Некои работи кои мора да ги имате се бела јакна, беж блуза и црн џемпер. Тие парчиња никогаш не излегуваат од мода, советува Ешли Пруит.

2. Рафинирани парчиња накит Многу жени сакаат да носат големи обетки, но мене често ми изгледа евтино и го истакнува стајлингот, но на погрешен начин. Одлучете се за минимализам, советува стилистот Ендрју Гелвик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cartier Official (@cartier)

3. Моќна чанта Додатоци се сè! Освен што се функционални и неопходни, тие можат целосно да го трансформираат целиот стајлинг. Жената која носи „моќна“ чанта секогаш привлекува внимание, додаде Гелвик.

4. Не плашете се од боите Откако ја видов Џејн Фонда во 2017 година во розев тоалет на Еми наградите, јас сум обожавател на бојата на жените на таа возраст. Изгледа софистицирано и младешко, но не и незрело или грубо, вели тој.

5. Бела кошула Стилистот Негал Али Клајн тврди дека белата кошула е совршено парче што треба да го има секоја жена, бидејќи изгледа полирано и одговара речиси со секој стајлинг.

6.Прави фармерки При изборот на пригода изберете потемни фармерки за посериозни моменти, а посветли за поопуштени. При изборот на модел, наместо она што е во мода, одберете го оној кој добро ви стои и евентуално крие недостатоци, вели Клајн.

7. Совршени потпетици Најдете удобен пар чевли со потпетици и нека бидат во класични бои – беж и црна. Одат буквално со се, советува Гелвик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Choo (@jimmychoo)

8. Здолниште до или под коленото Колку и да ви се убави нозете, одберете ја оваа должина, бидејќи мини здолништата по четириесетите години изгледаат како да се обидувате да ја задржите младоста со сила, советува стилистот Пол Кавако.

9. Одлучете што да нагласите „Повеќето од жените што ги облекувам имаат дел од телото што не им се допаѓаат. Затоа, се фокусираме на деловите со кои се гордеат. На пример, ако не сакате некој да ви гледа во рамениците, истакнете ги вашите нозе“, вели Гелвик.

10. Важно е што носите под облеката Носењето на вистинската долна облека има големо влијание врз тоа како ќе изгледа стајлингот, смета стилистката Џулија Пери.

11. Вечни мокасини Можете да ги носите за секоја пригода, тие се толку удобни, а исто така се и безвременска шик класика, вели Клајн.

12. Слободно преземајте ризици Жените во педесеттите обично веќе знаат кои се и имаат голема самодоверба и сакаат да останат верни на својот автентичен стил. Нема причина да не бидете малку храбри и да пробате нешто ново, без разлика дали е принт или нова боја. Возраста не е ограничување, вели Клајн.

13. Не заборавајте додатоци Свилената марама околу вратот или преку рамото може значително да го подигне стајлингот, според Клајн.

14. Косата е важен фактор Уредната фризура, негуваната и здрава коса и убавата боја прават огромна разлика. Не си дозволувајте ништо друго, советува Кавако.

15. Деталите се сè Добар часовник, уредни и негувани нокти, квалитетен пар наочари и како привлекуваат внимание, вели Џулија Пери. Никогаш, ама баш никогаш не заборавајте ги деталите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.