ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 29. октомври (недела): На Лавовите љубовта им е на лизгав терен, а Близнаците треба да внимаваат во комуникацијата!

Астро-прогноза

Хороскопот вели дека на Раковите здравјето им е одлично, а Девиците ги обновуваат старите контакти

ОВЕН

Работа: Денов би требало да го посветите исклучиво на себе и на активен одмор, ќе ви годи. Не е поволен ден за поголеми работни ангажмани.

Љубов: Многу добар ден за нови познанства. Ширите позитивна енергија и добро расположение.

Здравје: Чувствителност на грлото и на респираторниот систем.

БИК

Работа: Најверојатно ќе се обидете да ги одбегнете обврските вториот ден од викендот и да се посветите на одмор и релаксација.

Љубов: Можни се важни разговори со партнерот.

Здравје: Одбегнувајте нагли физички движења.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Го дочекувате крајот на викендот со прилично променливо расположение. Би ви годело друштво или совет од пријател.

Љубов: Посветете се на позитивната страна на вашата врска, а минатото оставете го таму каде што му е местото.

Здравје: Наспијте се доволно.

РАК

Работа: Раковите би требало да го посветат денов на одмор и на опуштено дружење со пријателите во домашна атмосфера.

Љубов: Доколку сте задоволни со моменталната состојба, уживајте, во спротивно, почекајте поповолен период за љубовна иницијатива.

Здравје: Одлично.

ЛАВ

Работа: Немате поддршка и помош од страна, па денес ќе мора да се потпрете на сопствените сили, што може да ве успори малку, а тоа воопшто нема да ви се допаѓа.

Љубов: Во текот на оваа недела ќе запознаете личност што нема толку лесно да падне на вашиот шарм. Ќе мора повеќе да се потрудите за да ја освоите.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА

Работа: Девиците би требало да завршат детални подготовки за почетокот на следната работна седмица, а можно е обновување на контактот со некој соработник од минатото.

Љубов: Поволен љубовен ден за сите Девици кои имаат јасна ситуација и знаат што сакаат. Неодлучните треба да се одлучат, времето минува.

Здравје: Многу добро.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Нема потреба од брзање и форсирање. Одморете, опуштено подгответе за наредниот работен период кој би требало да биде поуспешен од претходниот.

Љубов: Ве очекува одличен ден на љубовен план, доколку ги оставите зборовите на страна и повеќе се посветите на конкретни љубовни потези. Уживајте.

Здравје: Сосема солидно.

СКОРПИЈА

Работа: Скорпиите би можеле да го поминат денов во одлично расположение и со пријатни разговори кои би можеле да се поврзани со некои идни работни проекти. Времето е на ваша страна.

Љубов: Одличен ден за секакви љубовни акции. Вам барем никогаш не ви недостасува страст, па затоа, уживајте максимално.

Здравје: Одлично.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Стрелците би требало да здивнат малку и, пред сѐ, да одморат. Обврските ќе ги имате и утре, сѐ може да почека.

Љубов: Треба да се опуштите, не фаќајте се премногу за ситници, особено не од минатото. Само така ќе остварите солидна комуникација.

Здравје: Можни дигестивни проблеми.

ЈАРЕЦ

Работа: Јарците и денес ќе сакаат да завршат многу работи. Советот е да не го занемарите и одморот, ништо нема да ви побегне ако се опуштите малку.

Љубов: Поволна астролошка клима во сферата на љубовта за сите припадници на овој знак кои планирале некои заеднички активности со саканата личност. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не е препорачливо многу да се заморувате денес. Доколку ви искрсне нешто непланирано и неодложно, изреагирајте, во спротивно, посветете се на одморот и релаксацијата.

Љубов: Доколку уживате во разбирањето и поддршката од саканата личност, тоа е одлично, а вие обидете се да го возвратите вниманието барем со ситни знаци.

Здравје: Одлично.

РИБИ

Работа: Ве очекува опуштен ден и искористете го за да го надоместите она што сте го пропуштиле, а е поврзано со дружење со пријателите. Уживајте во добро друштво.

Љубов: Можете да очекувате неколку потенцијално љубезни повратни реакции од личноста што веќе некое време ви се допаѓа. Опуштете се и не размислувајте премногу за ништо.

Здравје: Многу добро.

Сезона на Скорпиите: Што ги очекува хороскопските знаци?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.