Сезона на Скорпиите: Што ги очекува хороскопските знаци?

Дали сте подготвени за сезоната на Скорпиите?

 

Како што Сонцето влегува во овој знак, ќе имаме потреба да нурнеме подлабоко во различни аспекти од нашиот живот. Овој период ни носи интроспекција, но и трансформација која самите ќе ја создадеме за себе. Се интензивира и интуицијата, а нашите чувства стануваат поинтензивни по периодот на владеење на хармоничните Ваги.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Време е да се посветите на своите финансии. Кога Сонцето ќе влезе во Скорпија, вашиот фокус е на осмата куќа на долгови, ресурси и имоти. Парите би можеле да бидат тешка тема за одредени претставници на овој знак, но интуитивноста на Шкорпиите би можела да ви помогне во овој дел. Со полната Месечина на 28 октомври, веројатно ќе дојдете до некаков важен заклучок поврзан со вашиот систем на вредности и финансиски цели. По овој датум, периодот на владеење на Скорпиите ви носи подобри финансиски можности. Со младата Месечина на 13 ноември, ќе бидете самоуверени да преземете важни финансиски ризици.

Бик

Балансот во вашите односи е главната тема на периодот на владеење на Шкорпијата. Веројатно ќе бидете и поспонтани, со полесна енергија, но и романтични, бидејќи Шкорпијата ќе владее со вашата осма куќа на поврзување. Сите видови на лични односи ќе бидат подобрени во овој период, а за многу Бикови, пронаоѓањето љубов ќе биде важна тема. Ако не сте во врска, одете на љубовен состанок во периодот околу младата Месечина на 13 ноември. Овој датум ви носи среќа.

Близнаци

Кој е вашиот главен фокус? Со почетокот на сезоната на Скорпиите, веројатно ќе стане преокупирани со вашите навики и здравје. Особено важна промена ќе забележите за време на лунарната еклипса на 28 октомври. По овој датум, ќе ви биде полесно да работите на своите навики и да направите одредени позитивни промени на ова поле. Но, периодот на Скорпиите ќе ве поттикне да се фокусирате и на работата, а вашите одговорности би можеле да бидат зголемени во периодот околу 4 ноември. Ако ви е потребен баланс меѓу личниот живот и работата, пробајте да го остварите тоа околу младата Месечина во Шкорпија, на 13 ноември.

Рак

Време е за забава. Сезоната на владеење на Шкорпијата го насочува вашето внимание кон петтата куќа на задоволство и уживање. Ќе имате силна потреба да се поврзете со другите луѓе, а особено важно ќе ви биде да се посветите на некој ваш сон околу полната Месечина во Бик на 28 октомври. Оваа моќна лунарна еклипса ве прави самоуверени, помагајќи ви да се стабилизирате. Ако имате некакви големи планови, држете ги во тајност од другите луѓе, барем до крајот на сезоната на владеење на Шкорпиите. Но, можете да очекувате значајна поддршка од блиска личност.

Лав

Заборавете на минатото и откријте што ви е потребно. Подгответе се за интензивна сезона на Скорпиите бидејќи Сонцето ќе ја осветли вашата четврта куќа на домот и семејството. Некои Лавови ќе се навратат на своите корени, а други ќе размислуваат за некакво наследство. Почетокот на ноември ви носи значаен разговор со блиска личност од вашето семејство, но и откритија за вашите корени.

Девица

Вашата прецизност се интензивира за време на владеењето на Скорпиите, со оглед на тоа дека ќе биде осветлена вашата трета куќа на комуникација и заедница. Ќе запознаете нови луѓе, но и одлично ќе комуницирате со блиските соработници. Особено голем раст ве очекува за време на лунарната еклипса на 28 октомври. Младата Месечина на 13 ноември ви носи нов шестмесечен циклус на дискусии и соработка со важни луѓе.

Вага

Што е она што вам ви е најважно? Вашата способност да креирате сигурен простор исполнет со хармонија дополнително ќе биде интензивирана во овој период бидејќи ќе биде погодена вашата втора куќа на богатство и лични ресурси. Ова може да ви донесе период кога ќе бидете повеќе фокусирани на себеси, а помалку на другите, но тоа ќе донесе и важна лекција на оваа тема околу полната Месечина на 28 октомври. По овој период, ќе си ја најдете стабилноста на начин на кој вие најдобро го умеете тоа.

Скорпија

Ова е ваш период! Осветлена е вашата прва куќа на личен идентитет, што значи дека вашата сезона е во знакот на вашите желби, потреби и соништа. Полната Месечина на 28 октомври става фокус на вас самите, но очекувајте љубов и поддршка од вашите пријатели. Младата Месечина на 13 ноември ви носи некакво ослободување и силна самодоверба.

Стрелец

Соочете се со своите демони. Време е да го сфатите сериозно своето ментално здравје. Обрнете внимание на вашата потсвест во овој период и тоа како се соочувате со предизвиците и проблемите кои се дел од животот. Околу полната Месечина на 28 октомври ќе ви биде тешко да ги игнорирате овие теми. Затоа, остатокот од владеењето на Скорпијата ќе бидете фокусирани на подобрување на своето физичко, ментално и емоционално здравје.

Јарец

Чувајте ги своите пријатели блиску, а своите непријатели уште поблиску. Почетокот на сезоната на Скорпиите ве охрабрува да размислите за својата заедница и луѓето на кои можете да се потпрете и да им верувате. Полната Месечина на 28 октомври ќе ви открие голема вистина кои се вашите вистински пријатели. Но, можно е и соочување со личност која не ви е близок пријател, па затоа треба да се подготвите за тоа во текот на ноември.

Водолија

Каков живот посакувате за себе? Важно ви е да создадете нешто значајно. Сонцето ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и репутација, што ќе го насочи вашиот фокус кон подобрување на одредени аспекти од вашата кариера, но и јавниот имиџ. Ќе бидете поттикнати да исполните одредени конкретни цели во периодот околу полната Месечина на 28 октомври. Важно е и да размислите како вашиот живот е усогласен со вашите лични вредности.

Риби

Каде сакате да бидете? Сонцето ја осветлува вашата деветта куќа на патувања и откритија. Би можеле да бидете подготвени да нурнете во нови територии, но и да дојдете до одговори за тоа како сакате да се развива вашиот живот во идниот период. Ова носи и можност за патување, но и релокација. Искористете го овој важен период за да се посветите на својот раст. Што и да направите на ова поле, ќе биде успешно за вас.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.