Ви здодеало секое утро да ги јадете истите јадења? Пробајте го овој воздушест омлет што ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

Рецепт за воздушест омлет

Ќе уживате во мекиот вкус на овој необичен, но многу здрав појадок

Омлетот е еден од најчестите појадоци што можете да го правите со различни додатоци, а добро ќе ве нахрани и ќе ви даде доволно енергија за целиот ден. Омлетот се приготвува брзо, не одзема многу време, но често се случува да ни здодее ова вкусно јадење.

Овој многу едноставен рецепт ќе ви помогне да приготвите воздушест омлет што ќе ги задоволи сите ваши сетила.

Приготвување:

Земете два сада и во едниот одвојте ги белките, а во другиот жолчките. Прво, изматете ги жолчките за да добиете густа смеса, а потоа изматете ги белките за да добиете смеса како шлаг.

Потоа, префрлете ги жолчките во смесата со белките, измешајте го сето тоа, додајте зачини по желба и префрлете ја соединетата смеса во намрсено тавче.

Овој омлет не би требало да го превртувате, туку само да го поклопите со капак и да го оставите да нарасне на пареа.

По неколку минути, исклучете го шпоретот и префрлете го омлетот во чинија. Ќе добиете неверојатно јадење со фантастична воздушеста текстура.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

Појадок без конкуренција: Измешајте 3 јајца и 3 рендани компири и ќе го добиете најдобриот оброк за почеток на денот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.