Велеа дека не постои поарогантен човек од него: Скапо ги платил своите гревови, а сега го пронашле мртов!

Тажна вест

Животната приказна на актерот од серијата „Пријатели“, кој ненадејно почина

Веста дека ненадејно починал познатиот актер Метју Пери (54), познат по улогата на Чендлер Бинг во познатата серија „Пријатели“, го шокира светот.

Наводно, актерот се удавил во својот стан во Лос Анџелес, додека еден извор открил дека полицајците го пронашле во џакузи и дека не биле пронајдени никакви наркотици во близина на телото. Исто така, се наведува дека смртта не била насилна, ниту дека некој се обидел да го убие актерот.

Славата ја стекна благодарение на актерските способности, но и специфичната смисла за хумор, иако неговиот приватен живот бил комплетно поинаков. Длабоко во себе, Метју Пери ги водел најтешките животни битки, чии последици ги чувствувал до смртта.

Не можејќи да се справи со огромната популарност, почнал да зема опијати, од кои набрзо станал зависен. И самиот признал дека не се ни сеќава на последните три години од снимањето на „Пријатели“.

„Од страна изгледаше како да имам сѐ, но тој период беше многу осамен за мене, а утеха барав во алкохолот. Не се сеќавам на дури три години од снимањето на ’Пријатели’. Тоа беше некаде помеѓу третата и шестата сезона“, признал Пери.

Алкохолот станал дел од неговиот живот, а потоа во 1997. му се случила несреќа со џетски, по што лекарот му препишал Викодин.

„Мислев дека нема шанси да станам зависен од тоа. Но од самиот почеток ми се допаѓаше како се чувствувам кога ќе испијам Викодин и сакав уште и уште.“

Првпат отишол на рехабилитација во 1997., каде што поминал 28 дена. Но не останал долго трезен. Во јули 2000., бил примен во болница во Лос Анџелес поради панкреатитис, воспаление на панкреасот поради прекумерна консумација на алкохол.

За жал, ни тоа не му било доволно за да престане да пие. Само еден ден по излегувањето од болница, удрил со своето Порше во куќа, но за среќа, во тој момент немало никој внатре.

Ништо не му помагало, дури ни разговорите со блиските колеги и пријатели, кои биле свесни за проблемот.

„Кога почна да се случува сето тоа со Метју, беше страшно. Сите беспомошно стоевме на страна“, открила Лиса Кудро.

Единственото правило до кое се придржувал уште од почетокот било дека никогаш нема да се напие алкохол на сетот, но и тоа се сменило, бидејќи често снимал со страшен мамурлак.

Грчевита борба за живот

Кога во 2001. почнал паралелно да снима „Пријатели“ во Лос Анџелес и „Повик за Сара“ во Далас, почнал да пие вотка како вода. Како што и самиот признал, на снимањата спиел, а кога бил буден, се тресел. Но додека лежел во хотелска соба во Далас, одлучил да им се јави на родителите и да побара помош.

„Не се отрезнив бидејќи мислев дека така треба, туку затоа што бев уверен дека нема жив да го дочекам наредниот ден“, признал.

Одлетал во Лос Анџелес, каде што го дочекале родителите и го одвеле во центар за рехабилитација.

Поради сѐ што поминал, размислувал да отвори дом за помош на алкохоличари, но тоа на крајот не се реализирало. По некое време повторно физички се изобличил и станал буквално непрепознатлив.

Од најголем шармер во 90-те до пропаднат актер: Тажната приказна на Метју Пери кој денес е непрепознатлив!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.