Од најголем шармер во 90-те до пропаднат актер: Тажната приказна на Метју Пери кој денес е непрепознатлив!

Непрепознатлив!

Американскиот актер секоја година ги шокира своите обожаватели со неугледниот изглед и начин на живот

Метју Пери (50) ги освои срцата на публиката ширум светот со улогата на симпатичниот Чендлер Бинг во познатата ТВ-серија „Пријатели“.

Славниот актер на врвот на својата популарност, своевремено заработувал милион долари под епизода од „Пријатели“ и четири пати бил номиниран за награда „Еми“.

https://www.instagram.com/p/B_nwgYuFILh/

Но неговиот живот надвор од светлата на рефлекторите бил прилично проблематичен. Во 90-те додека се снимала серијата, тој се борел со алкохолизам и дрога. За да биде ситуацијата уште полоша, имал големи проблеми со депресија.

„За мене тоа беше многу осамен период, бидејќи се борев со алкохолизам. Го имав тој проблем и пред ’Пријатели’, но тоа е болест која напредува“, раскажал тој.

https://www.instagram.com/p/B_nrWQzHB3A/

Во 1997 година доживеал несреќа на скијање, поради што докторите му препишале силни лекови против болка, кои создаваат зависност.

„Ги земав и се чувствував подобро од кога било претходно. Имав голем проблем со таблети, како и со алкохол. Не можев да престанам“, признал тој во една пригода.

Актерот неколку пати почнал да се одвикнува, но наводно го избркале, поради непримерно однесување.

Покрај неугледниот начин на живот, славниот актер имал и сериозни здравствени проблеми, па во 2018 година поради перфорација на цревата имал итна операција во Њујорк.

Денес, во шестата деценија од животот, Метју Пери воопшто не личи на оној шармер кого жените го обожаваа. Турбулентниот живот и нарушеното здравје очигледно оставиле последици.

Неколку пати бил фотографиран на улиците во Њујорк во запуштено издание.

Неуреден изглед, бушава коса и изгубен поглед – минувачите биле шокирани и загрижени.

Инаку, продолжението на серијата „Пријатели“ со оригиналната постава на актери, кои за тоа ќе добијат хонорари во износ од 2,5 до 3 милиони долари, требало да почне со снимање во март, но поради пандемијата на коронавирус одложено е за во иднина.

https://www.instagram.com/p/B_nZSsOHsCH/

Омилените „пријатели“ повторно на малите екрани

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.