Како да ги ублажите непријатните симптоми на менопаузата?

Менопаузата се карактеризира со природно отсуство на менструален циклус во период од 12 последователни месеци кога хормоните коишто ги произведува женското тело почнуваат да се намалуваат. За време на менопаузата, рамнотежата помеѓу хормоните на естрогенот, прогестеронот и тестостеронот се менува.

Периодот пред менопаузата се нарекува перименопауза и се карактеризира со симптоми како топли бранови и чести промени во расположението. Овие симптоми почнуваат да се намалуваат во менопаузата. Повеќето луѓе почнуваат да доживуваат симптоми на перименопауза во текот на нивните 40-ти и 50-ти години, иако тоа може да се случи порано. Перименопаузата е природна и може да трае од 10 месеци до 4 години. За многумина, можеби и подолго.

Исто така, може да се појават и симптоми како:

  • Вагинално крварење и сувост
  • Опаѓање на косат
  • Зголемување на телесната тежина
  • Раздразливост и замор

Жените во или по менопауза, имаат поголем ризик од остеопороза, гојазност, срцеви заболувања и дијабетес.

Постојат природни начини за ублажување на непријатноста и болката доколку поминувате низ перименопауза или менопауза.

Здравата исхрана богата со овошје, зеленчук и протеини и редовното вежбање може многу да помогне за ублажување на симптомите во менопаузата.

8 природни начини како да ги намалите симптомите на менопауза:

  1. Внесувајте храна богата со калциум и витамин Д

Хормоналните промени за време на менопаузата може да предизвикаат слабеење на коските, зголемувајќи го ризикот од остеопороза. Калциумот и витаминот Д се поврзани со доброто здравје на коските, па затоа е важно да внесувате доволна количина од овие хранливи материи во вашата исхрана. Оптималниот внес на витамин Д за време на постменопаузата го намалува ризикот од фрактури на колкот.

Затоа е важно да консумирате намирници богати со калциум како што се:  млечните производи, зелениот лиснат зеленчук, мешунки, јајца и сардини. Сончевата светлина е еден од најважните извори на витамин Д, затоа што кожата го произведува кога е изложена на сонце. Ако не сте многу изложени на сонце или ако ја прикривате вашата кожата, многу е важно да земате додаток на витамин Д во исхраната или да ги зголемите изворите на храна богата со витамин Д.

  1. Одржувајте умерена телесна тежина

Многу жени за време на менопаузата се соочуваат со зголемување на телесната тежина. Ова се должи на комбинација од повеќе фактори како што се: промена на хормоните, стареењето, начинот на живот и генетиката. Вишокот телесни масти, особено околу половината, го зголемува ризикот од развој на болести како што се срцеви заболувања и дијабетес.

Покрај тоа, телесната тежина може да влијае на симптомите на менопаузата. Истражувањето спроведено на 17.473 жени во постменопауза покажало дека оние кои изгубиле најмалку 4,5 кг или 10% од телесната тежина во текот на една година, полесно се справиле со симптомите како топлите бранови и ноќното потење.

 

  1. Јадете многу овошје и зеленчук

Исхраната богата со овошје и зеленчук може да помогне во спречување на голем број симптоми на менопауза. Овошјето и зеленчукот се нискокалорични и можат да ви помогнат да се чувствувате сити, па затоа се одлични за слабеење и одржување на телесната тежина. Тие, исто така, можат да помогнат во спречување на голем број болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања.

Ова е важно, бидејќи ризикот од срцеви заболувања се зголемува по менопаузата. Тоа се должи на фактори како што се возраста, зголемувањето на телесната тежина или намалените нивоа на естроген. Овошјето и зеленчукот, исто така, може да помогнат да се спречи губење на коскената маса.

Една опсервациска студија на 3.236 жени на возраст од 50 до 59 години покажа дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да доведе до помало распаѓање на коските.

  1. Избегнувајте кофеин, алкохол и храна која е преработената, засладена или зачинета

Исхраната богата со рафинирани јаглехидрати и шеќери може да предизвика нагло зголемување и намалување на шеќерот во крвта, правејќи да се чувствувате уморни и раздразливи што дополнително може да ги влоши физичките и психичките симптоми на менопаузата.

Всушност, една студија покажа дека исхраната богата со рафинирани јаглехидрати може да го зголеми ризикот од депресија кај жените во постменопауза. Голема опсервациска студија покажа дека кај жените на возраст од 50 до 59 години, исхраната богата со преработена храна е поврзана со слаб квалитет на коските.

  1. Редовно вежбајте

Вежбањето го подобрува физичкото и менталното здравје. Придобивките од редовното вежбање вклучуваат: подобрена енергија и метаболизам, поздрави зглобови и коски, намален стрес и подобар сон.

  1. Консумирајте храна богата со протеини

Редовното внесување на протеини во текот на денот може да помогне да се спречи губењето на мускулната маса што се јавува со возраста. Покрај тоа што помага во одржувањето на мускулите, исхраната богата со протеини може да придонесе во борбата со вишокот килограми бидејќи ја намалуваат гладта и го зголемуваат бројот на согорени калории. Храната богата со протеини вклучува: месо, риба, јајца, мешунки, јаткасти плодови и млечни производи.

  1. Земете природни додатоци во исхраната

Еден од најдобрите додатоци во исхраната на нашиот пазар е Female Health Support на Планет Ајурведа, 100% природен производ  составен од мешавина на моќните билки Ашок (Saraca indica), Лодра (Symplocos racemosa), Шатавари (Asparagus racemosus) кои се познати по своите благотворни својства за одржување на женското здравје.

Female Health Support и помага на жената да се бори против симптомите на менопаузата како што се: замор, стрес, неправилно вагинално крварење, уринарни инфекции, промени во расположението и остеопороза. Овој додаток во исхраната обезбедува хормонална рамнотежа, го зајакнува имунитетот, го поддржува репродуктивното здравје и обезбедува енергија и виталност.

Оваа формулација е многу корисна за поддршка на женските репродуктивни органи и ефикасно лекување на менструални нарушувања како синдром на полицистични јајници, нередовна менструација и симптоми на ПМС. Female Health Support, исто така, помага во ублажување на болките во телото, подобрување на нарушеното расположение и подобрување на проблемите со кожата.

  1. Внесувате доволно количество вода

За време на менопаузата, дехидрираноста е чест проблем што е предизвикано од намалувањето на нивото на естроген. Пиењето од 8 до 12 чаши вода дневно може да помогне во справување со симптомите на дехидрираност. Оптималниот внес на вода може да ја намали надуеноста која се појавува како последица на хормоналните промени, да спречи зголемување на телесната тежина и да ја подобри работата на метаболизмот.

Внесувањето 500 мл вода, 30 минути пред оброк, може да придонесе да консумирате 13% помалку калории за време на оброкот.

Менопаузата не е болест туку таа е природен дел од животот на жените. Иако може да биде навистина тешко да се справите со симптомите на менопаузата, консумирањето здрава и правилна исхрана, како и редовното вежбање може да помогне во нивно ублажување и спречување.

Употребата на Female health support без професионален совет може и да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на здравствена состојба.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.