Како да го искористите црвеното вино за потребите на вашата кожа?

Еве уште неколку причини зошто треба да чувате по некоја флаша црвено вино...

Црвеното вино е омилен пијалак меѓу жените, но исто така една од омилените состојки кои обично се користат за ослободување од темните дамки и другите проблеми со кожата. Иако квалитетното црвено вино е скапо за нега на кожа, состојките присутни во него ќе помогнат да се нахрани вашата кожа и да изгледа зачудувачки мека и беспрекорна. Црвеното вино ќе ја чува вашата кожа подалеку од проблеми како акни и несакани влакна.

Капењето во црвено вино еднаш месечно е неопходно за жените денес. Аромата на виното помага да се ослободите од стресот! Се што треба да направите е да додадете шише црвено вино во када полна со топла вода и секој месец да ја разгалувате кожата со овој природен „лек“.

Еве неколку други козметички употреби на црвеното вино:

Ослободете се од стриите

Доколку сакате да се ослободите од грдите стрии, масирајте го стомакот со црвено вино. Направете го третманот еднаш неделно и тоа ќе ви помогне полека да исчезнат вашите стрии.

Справете се со мозолчињата на телото

Поради мрсната исхрана и загадувањето, многу луѓе се соочуваат со мозолчиња кои се појавуваат на телото од време на време. За да се ослободите од акните на вашето тело, натопете памук во црвено вино и намачкајте ги акните. Правете го ова два пати на ден за да се ослободите од акните што е можно поскоро.

Темни дамки на кожата

Темните дамки на кожата може да се неутрализираат ако се капете во црвено вино двапати неделно. Не нанесувајте лосион за тело на флеките после бањање со вино. За да ги отстраните темните дамки што е можно поскоро, треба да додадете сок од еден лимон во една чаша црвено вино. Со оваа смеса измасирајте ги дамките и измијте ги по 15 минути.

Отстранете ги несаканите влакна

Уморни од депилација и бричење на нозете и рацете? Па, ако е така, обидете се да го масирате телото со црвено вино. Состојките присутни во виното ќе влијаат на фоликулот, така што влакната лесно ќе опаѓаат.

Помалку брчки

Виното одлично делува на брчките. Миењето со вино двапати неделно ќе ви помогне да ги направите вашите брчки помалку видливи.

Порите на кожата

Ако имате зголемени пори на лицето, можете да ги отстраните со црвено вино. Комбинирајте црвено вино и млеко за да се ослободите од проширените пори. Со оваа смеса масирајте го лицето еднаш неделно. Вашите пори ќе бидат помалку видливи.

Сува кожа

Сувата кожа може да се третира и со црвено вино. Измешајте една чаша црвено вино и една чаша млеко. Измијте се со оваа смеса двапати неделно за да се ослободите од природно сувата кожа. За само неколку недели, вашата кожа ќе стане сјајна и убава.

Покрај релаксирачкиот ефект што една чаша црвено вино го има на вашето тело, сега знаете како да го искористите остатокот од виното во служба на вашата убавина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.