Цеца во тесен фустан, целата во светки пееше пред 4000 луѓе: Публиката е воодушевена! (ВИДЕО)

Една е Светлана Цеца Ражнатовиќ...

Секогаш беспрекорна и доминантна, Цеца Ражнатовиќ направи впечатлив концерт во Сараево, како и секогаш пејачката ја фрли публиката во транс, а сите заедно со неа ги пееја нејзините најголеми хитови. На спектакуларниот концерт присуствуваа повеќе од 4.000 луѓе кои уживаа во настапот на српската фолк дива.

Цеца за оваа пригода носеше долг фустан до подот покриен со златни светки, а едното рамо и беше целосно голо, многу привлечен изглед.

Видео: Инстаграм

Пејачката во вторникот ја собра половина од естрадата на прославата на Свети Никола во семејниот дом, а во еден момент излезе од дома и пред насобраните припадници на медиумите истакна колку е среќна што нејзината ќерка Анастасија е покрај неа, а го спомна и нероденото бебе на Вељко и Богдана:

Здравје боже, Илјан ќе биде со нас следната година! И Анастасија е тука, да, пресреќна сум. Жал ми е што Немања не можеше да дојде, има утакмица вечерва, и на нему му е жал. Анастасија ни недостига во последно време, затоа што е далку, вели дека најмногу јас и недостигам… (се смее) Деновиве имаме многу прослави, празници, убаво е.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.