Северина во проѕирен корсет ја „запали“ публиката на концертот во арената „Борис Трајковски“

Сите гледаа ТУКА

Хрватската пејачка Северина синоќа настапи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а на Инстаграм се пофали со модното издание што го избра за оваа пригода.

Имено, интересно е што Северина за концертот во земјава немаше голема видео продукција, танчери, ниту специјални ефекти. Сепак, сето тоа го надополнила со модно издание достојно за холивудските ѕвезди.

Пејачката се појавила во тесен корсет, кој бил речиси целосно проѕирен. Долниот дел од фустанот бил украсен со светки и циркони, во комбинација со сребрени отворени сандали.

Изгледот го комплетирала со предимензиониран прстен во форма на ѕвезда и уште еден, малку посуптилен прстен на другата рака, како и сребрени обетки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пред концертот во Скопје… немав никаква претстава каква магија ме чека…“, напишала пејачката заедно со фотографиите од аутфитот.

Впечатливиот корсет фустан го дизајнирала хрватската дизајнерка Матија Вуица.

Ова е наш трет концерт во арената Борис Трајковски и не очекував ваков концерт… Овој пат немавме ниту танчери, но не ни требаа, одработив се наместо нив. Немавме ни голема видео продукција“, изјавила пејачката по настапот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.