Маестрален концерт на Џибони во Скопје: Вечер исполнета со добра музика и експлозивна енергија!

Погледнете како помина концертот

Концерт за паметење во салата „Јане Сандански“

На 17. февруари, хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ – Џибони одржа незаборавен концерт во салата „Јане Сандански“, со Влатко Стефановски како специјален гостин.

Концертот започна со „Цесарица“ во чест на Оливер Драгојевиќ, кој го отпеа ова ремек-дело на Џибони:

„Последен пат настапив во Македонија со Оливер Драгојевиќ во склоп на турнејата во чии рамки ја претставивме нашата ‘Фамилија’, односно заедничкиот материјал инспириран од нашите животни приказни и случки“, кажа хрватската музичка ѕвезда.

Потоа, присутните уживаа во маестралната изведба на хитовите на Џибони и Влатко Стефановски, како што се „Либар“ и „Чувам ноч од будних“.

Нашиот виртуоз на гитара самостојно го изведе хитот „Чукни во дрво“, кој публиката го поздрави со громогласно ракоплескање.

Концертот беше посебен и по топлиот однос на Џибони со публиката – пејачот се симнуваше во публиката, се фотографираше со обожавателите и разговараше со нив, додека незаборавните нумери  „Опрости“, „Тајна вјештина“, „Темпера“, „Ниси више моја бол“, „Миракул“, „Не одустајем“ и многу други се нижеа како најубави музички бисери.

Погледнете како помина овој концерт во организација на „Авалон продукција“ во нашата галерија во продолжение…

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.