Од фатален заводник прекуноќ станал бездомник: Што му се случило на познатиот актер?

Како Леонардо Ди Каприо станал бездомник?

Кој е овој луд бездомник што личи на Леонардо Ди Каприо?

Популарниот актер, миленикот на женската популација Леонардо Ди Каприо, ги оставил сите без текст со својата нова улога. Имено, тој глуми бездомник во филмот на Пол Томас Андерсон, кој моментално се снима во Лос Анџелес.

Лео бил фотографиран во износен кариран баде-мантил, со црни очила за сонце и мустаќи во стилот на Франк Запа, како параноично се мота околу телефонска говорница. Ретко кој би го препознал актерот во вакво издание!

Овој 49-годишен актер работи на нов проект, кој за сега е познат само како BC Project, не се знаат повеќе детали за филмот, а се зборува дека покрај Ди Каприо во ова остварување ќе се појават и Шон Пен и Реџина Хол. Исто така, се шпекулира дека буџетот на филмот, наводно, изнесува сто милиони долари.

Леонардо неодамна можевме да го видиме во филмот „Убијци на цветната месечина“, кој е номиниран за „оскар“. Меѓутоа, познатиот актер не доби номинација во категоријата за најдобра главна машка улога, што многумина ги изненади.

Потврдена врската на Леонардо Дикаприо и италијанската манекенка Виторија Черети (25): Парот се криел со месеци! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.