Приспособете ја негата на кожата на менопаузата – откриваме како!

Менопаузата претставува трансформација на телото и духот со различни предизвици. Важно е да се знае дека овој период не бара пауза и дека сè може да се одвива во својот природен тек – со соодветна поддршка.

Менопаузата е посебен период во животот на жената и бара мали промени кои многу ќе придонесат за подобрување на целиот организам. Важно е да го слушаме нашето тело и внимателно да го следиме низ промените, обезбедувајќи му го она што му треба во секоја фаза.

Во периодот пред менопаузата, флуктуациите на нивото на естрогенот и кортизолот го забрзуваат процесот на стареење на кожата, што резултира со губење на влажноста и колагенот, а тоа дополнително доведува до сувост, опуштена кожа и до појава на брчки.

СÈ ПОЧНУВА ОД НАШАТА КОЖА

Во фазата на перименопауза, која го означува почетокот на хормоналните промени, жените често доживуваат неправилни менструални циклуси. По перименопауза, доаѓа менопауза, која официјално почнува повеќе од една година немаме менструација. Во оваа фаза, некои симптоми може постепено да се намалуваат, како што се валунзите и промените во расположението. Сепак, другите симптоми, како што се стареење на кожата и ризикот од остеопороза може да се зголемат, што бара континуирана здравствена заштита.

Менопаузата доведува до хормонални промени, кои предизвикуваат намалување на производството на колаген и еластин, како и намалување на нивото на DHEA-хормонот. Во овие фази од животот, поддршката од најблиските пријатели, семејството и партнерите е непроценлива, но има и посебна сила што ја носи брендот „Виши“. Нивната мисија е да ги инспирираат жените да се подготват за предизвиците што претстојат. „Виши“ е тука да обезбеди поддршка и да чекори со вас низ оваа фаза полна со промени. Како пионер со дваесетгодишно искуство во грижата за зрела кожа, „Виши“ ја формулираше линијата на производи – Неовадиол.

НЕОВАДИОЛ-ПРОТОКОЛ ЗА СИТЕ ФАЗИ НА МЕНОПАУЗА

Линијата Неовадиол ја преобликува кожата на многу нивоа и ги враќа нејзината младост, волумен, густина, мекост и сјај. Вклучува дневна нега за поголем волумен на кожата во перименопауза, како и ноќна нега за густина и обновување на кожата во перименопауза, со ефект на ладење. За периодот во постменопауза вклучува хранлива дневна и ноќна нега за поголема цврстина на кожата.

Во секоја фаза од менопаузата, како прв чекор до совршен протокол и пред дневна и ноќна нега, се препорачува Neovadiol Meno 5 BI-Serum, кој ја активира динамиката на пет механизми против стареењето на кожата во менопауза: ги преобликува контурите на лицето, ја намалува видливоста на старечките дамки, ги намалува брчките, го враќа сјајот на кожата, ги надополнува липидите во површинските слоеви.

НЕМА ПАУЗА ВО МЕНОПАУЗА

Во фејсбук-групата Нема пауза во менопаузата, која има речиси 8.000 членови, жените искрено зборуваат за своите искуства и бараат совет како да се соочат со промените. Прашањето што сите ги интересира е: Зошто треба да направиме пауза за време на менопаузата?

Ве повикуваме да ги споделите вашите искуства во оваа група, редовно да се грижите за себе и да не дозволувате ништо да ве вознемири.

Уживајте и дочекајте ја новата јас со раширени раце!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.