Панделките се вратија (и идеални се за секоја пригода!)

Слаткоста е централниот мотив на оваа зима. Разбудете го девојчето во себе оставајќи го лудо да се забавува правејќи откачени фризури!

Панделката е трик што секогаш треба да ги имате во ракавот. Таа е додаток што е истовремено класичен и забавен.

Секогаш кога сакате да ја зачините вашата комбинација со празничен допир, панделката е тука да заокружи сè и да ви овозможи да отидете на црвениот тепих во обичен црн фустан (како Сара Џесика Паркер).

Можете да играте на картата на разиграна девојка, но и да се претставите како елегантна дама. Но она што мора да го знаете е дека шармот на панделката за коса лежи во тоа што сите ќе ве забележат.

Иако во реалноста се работи за доста едноставна декорација, панделката е детаљ што секогаш ќе паѓа в очи. Како да е создадена за претстојните празнични денови, во кои оптимизмот ни е најпотребен досега, и затоа – прегрнете ја радоста и поправете го денот со панделка во косата!

Текст: Јелена Каракаљ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.