Трик за фенирање кој ќе ви го промени животот! Загарантиран волумен и гламурозен изглед! (ВИДЕО)

Густа и здрава коса, со волумен кој изгледа нереално!

Стилистот кој го смислил овој хак навистина треба да добие награда. Овој трик со фенирање ви гарантира дополнителен волумен за помалку од половина час. Како?

Кога станува збор за косата, супермодел фризурите се убедливо најомилениот ретро тренд. Заводлива, густа и здрава коса, со волумен кој изгледа нереално – добро, кој не би го посакал тоа?

Проблемот е што за таква фризура потребна е барем малку вештина со фен и четка за коса, а ние ви откриваме трик кој ќе направи вашата коса да изгледа феноменално!

Во видеото објавено на Инстаграм, професионалната фризерка Белинда Ле Милс ја откри нејзината техника на фенирање. Ви треба пегла, фен, голема четка и половина час време.

Чекор 1: Исушете ја косата

Чекор 2: Користете пегла за коса за да формирате кадрици кои се затегнати и издолжени

Чекор 3: Користете тркалезна четка за да ги повторите локните додека ги сушите со фен

Чекор 4: Четкајте ја косата со тркалезна четка

Voila! Фризурата со огромен волумен од деведесеттите е подготвена!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.