Ума Турман: „Мислам дека имам одредена доза на смелост, а тоа е поврзано со мојата борба со себе“

Триесет години по филмот „Евтини приказни“, во кој блеснаа заедно, Ума Турман и Семјуел Л. Џексон повторно ги „вкрстуваат силите“ во забавна криминална комедија.

„Место на злосторството“ е мрачна комедија и крими-трилер за Патриша Копола, неуспешна сопственичка на уметничка галерија, која ја глуми Ума Турман, платениот убиец Реџи Пит и неговиот шеф Гордон (Семјуел Л. Џексон).

Гордон е член на организација која „пере пари“, продавајќи фалсификувана уметност. Заплетот на филмот настанува кога авторот на уметничките дела, кој всушност е убиецот Реџи Пит, доживува огромен успех со неговите фалсификати.

Ума одлично „кликна“ со Џексон и во новата продукција, а режисерката Никол Паоне сакаше нивната последна сцена во филмот да трае што подолго.

Има една чудна работа што ја сакам во мојата работа – да можам да ги изразам емоциите на креативецот, и да внесам емпатија и живот во лик со кој можете да се идентификувате, за да не се чувствувате дека сте сами, изјави долгогодишната миленичка во Холивуд, Ума, која откри дека и самата има храброст да се бори со себе.

 

Мислам дека имам одредена доза на смелост, а тоа е поврзано со мојата борба со себе. Тоа е подготвеноста да станете и да се обидете повторно. Не се работи за тоа дали ќе паднам, туку како ќе станам повторно. А тие падови ги доживеав повеќе пати во животот…, искрена е актерката.

Текст: Надежда Јокиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.