5 непријатни ситуации за време на интимните односи што секоја жена ги доживеала, но ниту една не признава!

Најнепријатни ситуации за време на интимните односи

Речиси секому му се случуваат непријатни ситуации за време на интимните односи, но ретко кој зборува за тоа

Интимните односи често се поврзуваат со уживање и задоволство, но за време на нив, понекогаш се случуваат и непријатни ситуации, за кои ретко кој зборува. На секоја жена барем еднаш ѝ се случила некоја од овие ситуации, но ретко која го признала тоа…

1. Звуци што ја убиваат романтиката

Вагиналните гасови се сосема нормална појава, што ѝ се случува на секоја жена за време на одредени пози, особено ако станува збор за „кучешка“ положба. Жените знаат дека тоа е сосема нормално, но секогаш им се појавува потребата да се објаснат, извинат или да поцрвенеат од срам. Навистина нема потреба од тоа, вашиот партнер нема да ви замери за тоа, бидејќи е нешто врз коешто не можете да влијаете.

2. Дамки на креветот

Дамките на постелнината може да потекнуваат од мажот, но најчесто се женски. Ејакулацијата кај дамите е проследена со исфрлање вагинална слуз, а тоа е нешто што не можете да го спречите ако сакате комплетно уживање.

3. Удар во главата

За време на вителот на страста, лесно може да се случи да ја удрите главата од рамката на креветот или ѕидот и да завршите со главоболка. Бидете внимателни и не дозволувајте тоа да ви се случи и да ви го уништи моментот, а така ќе избегнете и потенцијално снимање на главата.

4. Смотани партнери

Новата врска секогаш е исполнета со многу страст, но и страв и несигурност. Ако партнерите сè уште не се познаваат добро, моментот на менување пози може да биде чуден или непријатен, бидејќи неусогласеноста на партнерите може да ги отежни работите.

5. Ненадејно полн мочен меур

Имајте предвид дека притисокот на мочниот меур за време на сексот може да предизвика мокрење кое не може да се сопре или силна потреба веднаш да одите во тоалет. Ова е многу честа појава за време на сексуалните односи, а на секоја дама ѝ станува непријатно кога ќе се опушти под дејство на страста, па мочниот меур ќе ѝ ослободи малку урина. Одете во тоалет навреме и ќе ја спречите оваа појава.

Како да препознаете дека жената штотуку имала интимни односи? Ја издаваат 3 работи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.