Кожата нека дише! Затоа, дајте ѝ КИСЛОРОД!

Сакате подобар волумен и посветла кожа на лицето? Можеби треба да пробате препарати збогатени со кислород

Козметиката со кислород постои со децении, а во центарот на нашето внимание се враќа секогаш кога формулите со оваа состојка ќе се подобрат. Последниот излив на ентузијазам го предизвика британскиот бренд Lyma, кој на пазарот лансира „течен кислород“ во спреј.

Како што рекоа тогаш, кислородот во таа форма не само што ѝ дава сјај на кожата на лицето туку може да влијае и на промените предизвикани од стареењето. Ова нè натера да се запрашаме која е тајната и дали со овие препарати кожата навистина „дише“?

Дали на нашата кожа навистина ѝ треба дополнителна доза на кислород?

Во нормални услови, кислородот допира до кожата преку крвните садови лоцирани во кожата и предизвикува серија биохемиски процеси, кои резултираат со ослободување на АТФ (аденозин-трифосфат), кој е неопходен за клеточните процеси (производство на еластин, колаген и хијалуронска киселина). Оние што живеат во големите градови и во загадени средини, почнуваат да покажуваат знаци на хипоксемија – што всушност е состојба на намалена оксигенација на артериската крв и се јавува како резултат на недостиг на кислород во вдишаниот воздух. Следствено, ова резултира со сува кожа каде на која многу побрзо се формираат брчките и се повидливи. Употребата на кислород во козметиката се темели на неговиот позитивен ефект во ревитализација на кожата.

Како се пакува кислород во пакување за крем?

Производителите долго време експериментираат со употребата на кислородот во козметиката. И пред сè, со користење состојки кои имаат способност да ги задржат воздушните честички и на тој начин да ги внесат во кожата. Практично, ваквата козметика нема специфичен кислород во својот состав, но комбинацијата на крем или состојки на серумот ја врзува од воздухот и ја задржува во кожата, на сличен начин како хијалуронската киселина ги привлекува и задржува молекулите на водата.

Со оксигенација на позната состојка или со создавање ново соединение се добиваат козметички препарати кои влијаат на зголемување на нивото на кислород во кожата. Зголемената количина создава зголемена влажност на кожата, што на крајот ја намалува појавата на фини линии и брчки. Истовремено, доведува до посветла кожа, а се подобрува нејзината цврстина и отпорност, бидејќи со внесување дополнително количество кислород се активираат природните процеси на самообновување.

Дали (и до кој степен) функционира сето ова?

Веќе видовме моќни козметички третмани со кислород (козметичката процедура користи кислород под висок притисок за нанесување на разни серуми и хијалуронска киселина на кожата), по што гледаме моментални резултати на блескава кожа, но дали може да очекуваме слични резултати од препарати кои не наменети за професионална употреба? Експертите се согласуваат дека ќе видиме резултати со редовна употреба на квалитетна козметика, но очекувано – тие нема да бидат толку драстични како по професионален третман.

У&З ИЗБОР

Pure Oxygen, Afrodita, крем за лице

 

7th Heaven Pink Oxygen Bubble, маска за лице

 

Skin Oxygen, Biotherm, крем со заштитен фактор
Аnesi Aqua Vital Gel Oxygenant, гел за професионална употреба
Slow  Âge, Vichy, ноќен крем

Текст: Јелена Каракаш

Фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.