5 чудни знаци кои покажуваат дека сте имале секс!

Овие знаци веднаш ќе ве издадат…

Да, добро прочитавте, дури и ако сакате да сокриете или мислите дека никој нема да знае, постојат знаци кои покажуваат ако неодамна сте имале секс.

Сексот и оргазмот имаат директно влијание врз нашиот изглед, расположение и психа. Кои се тие знаци?

Вашата насмевка

Ова е еден од најлесните знаци за „читање“ и откривање дека неодамнс сте имале сексуална активност. Ако некој се смее без причина во текот на денот, можете да претпоставите дека нешто добро се случило во неговиот/нејзиниот сексуален живот.

Добро расположение

Доколку веќе не сте знаеле, сексот го поттикнува расположението. Според една студија на Универзитетот во Колорадо, колку повеќе сексуални активности имате, толку сте посреќни. Истражувачите прашале повеќе од 15.000 луѓе и откриле дека оние кои имале секс 2-3 пати неделно имаат 55% поголема веројатност да кажат дека се посреќни од оние кои поминале низ „сув“ период.

Неодолив шарм

Ако жената ужива во честите сексуални односи, нејзиното тело ослободува феромони. Феромоните се хемикалии, невидливи со голо око, кои се наоѓаат во кожата и косата и ја поттикнуваат сексуалната привлечност што ја чувствуваме кон другите. Двете главни работи кои се случуваат за време на сексот се мускулната напнатост и зголемениот проток на крв низ телото.

Затоа, зацрвенето лице значи подобро здравје, високо ниво на естроген и поинтензивна привлечност. Ако жената изгледа попривлечно, веројатно неодамна уживала во сексот.

Блескава кожа

Постои научна причина зошто после секс имаме црвени образи или подобра циркулација на крвта. Според експертите, сексот е добар за многумина. Тој необјаснив сјај на вашето лице е всушност резултат на зголемен проток на крв. Исто така, сексот може да помогне во борбата против воспалението во телото. Практично, тоа значи дека може да ви помогне да ги намалите акните, брчките и се друго што се појавува на вашата кожа.

Спиете подобро

Жените кои доживуваат оргазам имаат 30% зголемување на хормонот пролактин. Но, што значи ова? Пролактинот е хормон кој помага да имате квалитетен сон со одмор на нашето тело. Ако некој ужива во сонот, тогаш тоа најверојатно се должи на сексуалната активност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.