Како да препознаете дека жената штотуку имала интимни односи? Ја издаваат 3 работи!

Воопшто не е ни свесна за ова!

Знаците што ја издаваат жената дека штотуку имала интимни односи може да бидат многу воочливи

Жената на која ѝ недостасува малку акција во кревет, постојано е нерасположена. Нервозна е, лута, сè ѝ пречи и најмалата ситница може да ја вознемири. Постојат многу знаци кои укажуваат на тоа дека жената подолго време апстинира, односно дека ѝ треба секс.

Меѓутоа, исто така, постојат и знаци кои ја издаваат жената дека штотуку била интимна и дека е задоволна од својот сексуален живот.

Попривлечна е

Ако некогаш особено ве привлече жена која претходно не ве привлекувала а често ја гледате, веројатно имала секс. Колку што се сексуално поактивни толку повеќе феромони ослободуваат телата на жените, кои ги привлекуваат мажите. Анализата на многу истражувања објавени во Journal of Advanced Research покажала дека жените им се значително попривлечни на мажите по секс.

Подобро е расположена

Жените се под стрес речиси секој ден, а едно истражување спроведено на Универзитетот во Колорадо покажало дека редовните сексуални односи ја зголемуваат самата перцепција за среќа кај жените. Во истражувањето учествувале повеќе од 15.000 луѓе, а се покажало дека кај оние кои имаат сексуални односи два до три пати неделно, постои 55 отсто поголема веројатност дека ќе бидат посреќни, за разлика од оние кои подолго немале секс.

Изгледа поубаво

Жената по секс се чувствува и изгледа поубаво. За време на сексот, во телото се случуваат различни промени, вели Бин Робинсон, професор на програмата „Човечка сексуалност“ при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Минесота. Мускулите се опуштаат и се подобрува циркулацијата на крвта во сите делови на телото, објаснува тој. Благото руменило на лицето е знак за добро здравје, а покажува и повисоко ниво на хормонот естроген, кој се поврзува со плодноста на жената. Румените образи кај жените сексуално ги привлекуваат мажите, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот Сент Ендрус во Велика Британија.

Како да не бидете срамежливи за време на секс?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.