„Опседната сум со мојот сопруг“: На многумина им се слоши од нејзините фотографии за Денот на вљубените!

Обожавателите се згрозени

Најстарата сестра Кардашијан не ја крие својата љубов кон сопругот Тревис Баркер, кому му го честитала Денот на вљубените со низа провокативни фотографии

Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер јавно си размениле честитки по повод Денот на вљубените, и тоа со фотографии на кои таа е облечена во провокативна долна облека и во костим за капење, додека тој ја носи во раце.

„Опседната сум со него“, рекла Кортни за Тревис, од кого не се раздвојува и кому на секој чекор му покажува колку го сака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)


Многумина ги дочекаа овие фотографии со резерва, бидејќи на нив нема ни грам романтика, но затоа има експлицитна содржина, од која оваа двојка очигледно не се срами.

„Толку зборуваат дека сакаат приватност, а потоа на секој чекор објавуваат вакви фотографии“, „Ми се повраќа од овие фотографии“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Пред да започне врска со Тревис, Кортни Кардашијан со години беше во токсична врска со Скот Дисик, со кого има три деца.

Преслатко! Кортни Кардашијан и Травис Баркер ги објавија првите фотки со своето новородено синче! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.