Кортни Кардашијан и Тревис имаат 7 правила во бракот што строго ги почитуваат: Благодарение на нив, љубовта им е како од бајка

Никогаш не ги прекршуваат

Дознајте кои строги правила ги почитуваат Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во бракот, па можеби и вие ќе почнете да применувате некои од нив

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер за кратко време станаа една од омилените двојки на светската сцена. Иако се во врска од минатата година, веќе запловија во брачните води и уживаат во хармоничниот однос. Меѓутоа, малкумина знаат дека зад него се кријат правила што и двајцата мораат строго да ги почитуваат, за да не доаѓа до расправии во домот.

Ова се најважните седум…

1. И двајцата им покажуваат максимална љубов на нивните деца

И двајцата имаат наследници од претходните врски и бракови, па едно од главните правила им е да ги сакаат и почитуваат сите свои деца еднакво, без разлика што ниту едно од нив не им е заедничко.

2. Постојано се заедно

Речиси сите работи ги прават заедно и се трудат воопшто да не се разделуваат во текот на денот. Се следат меѓусебно во сите нивни активности и уживаат во тоа, што може да се види и во познатото реално шоу.

3. Не зборуваат лошо за бившите

Си забраниле еден на друг да зборуваат лошо за претходните партнери. Всушност, не ни разговараат за нив и на тој начин го одржуваат добриот меѓусебен однос и истовремено ги почитуваат своите бивши.

4. Не обрнуваат внимание на трачовите на социјалните мрежи, ниту ги сфаќаат сериозно

Двојката е многу популарна а доказ за тоа е што јавноста ги има наречено „Кревис“. Секојдневно излегуваат нови натписи за нив, како и за целото семејство Кардашијан, но тие се трудат што помалку да ги следат коментарите за нив.

5. Водат исклучиво вегански начин на живот

Тревис е веган подолго време, а поради него и Кортни Кардашијан одлучила да го испроба таквиот начин на живот, па уште повеќе ѝ се посветила на исхраната.

6. Тревис мора да ги почитува нејзините родители

Тука не се мисли само на Крис, туку Тревис Баркер барал дозвола и од Кејтлин Џенер, но и од нејзиниот покоен татко Роберт, за да се венча со Кортни. Непочитувањето на ова правило особено може сериозно да го наруши нивниот идиличен однос.

7. Не им пречат бакнежите и допирите во јавност, ниту се срамат од тие моменти

Нивните профили на Инстаграм се преплавени од такви фотографии, па многу често може да се видат во многу провокативни ситуации и во јавност. Неретко го прават тоа и пред децата, не криејќи ги љубовта и привлечноста што владеат меѓу нив.

КОРТНИ КАРДАШИЈАН ГИ ОТКРИВА ДЕТАЛИТЕ Ријалити-ѕвездата раскажа како почнала врската со Тревис и кој го направил првиот чекор
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.