Потпреседателката на САД се однесува како вљубена тинејџерка (ФОТО)

Емоции на сите страни

Фото: Getty Images

Камала Харис како да е на продолжен меден месец со сопругот… веќе шест години!

Фотографиите на потпреседателката на САД, Камала Харис (56) и адвокатот Даг Емхоф (56) се тотална спротивност од оние што јавноста имаше можност да ги гледа од поранешниот претседател и првата дама – Доналд и Меланија Трамп. Зошто? Затоа што се спонтани и полни со емоции…

Имено, Камала Харис е во брак со Даг Емхоф од 2014 година, и тие сѐ уште не можат да се наситат еден од друг. Изгледаат како вљубени тинејџери и зрачат со позитива.

Во интервју за магазинот „Њујорк тајмс“, децата на Даг од претходниот брак, Ела и Кол Емхоф, ја опишаа неговата врска со Камала како „вечна фаза на меден месец, која е толку слатка што дури ве тера да повратите од неа“.
Проценете сами дали е навистина така гледајќи ги фотографиите во продолжение на овој текст.

Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.