Сите се прашуваат како најголемиот заводник успеал да потоне прекуноќ: Некогаш освојуваше убавици, а сега не личи на себе

Како изгледа Скот Дисик денес?

Денес е непрепознатлив и сите се прашуваат што му се случува

Фотографиите на папараците од Скот Дисик ја шокираа јавноста, бидејќи од неговиот заводлив изглед останала само бледа сенка. Додека неговата поранешна партнерка Кортни Кардашијан блеска, тој сè повеќе пропаѓа.

Имено, 40-годишниот Скот бил фотографиран пред ресторан, каде што бил со пријателите, а неговиот изглед загрижи многумина. Неговото исцрпено лице е доказ за многуте изгубени килограми, а многумина коментираат дека тоа е последица на борбата со алкохолизмот.

Љубовта со Кортни Кардашијан

Кога првпат се слушна за семејството Кардашијан и кога телевизиските камери во 2007 година станаа членови на нивното семејство поради реалното шоу Keeping Up with the Kardashians, Кортни веќе била во сериозна врска со Скот Дисик.

Тие се запознале на една забава во Мексико 2006 година, а две години подоцна се случи нивното прво раскинување пред камери, откако Кортни нашла пораки со друга девојка во телефонот на Скот. Тогаш веќе започнаа претпоставките дека нивната врска нема да биде мирна.

Уште наредната година тие се смирија, а набрзо открија и дека го очекуваат првото дете. На свет пристигна нивниот најстар син Мејсон. Четири години подоцна се роди ќерка им Пенелопе, а по две години добија уште еден син, Реиџин.

Нивната врска во наредните години беше проследена со бројни проблеми што помалку или повеќе секогаш се сведуваа на зависноста на Скот од алкохол, а во 2015 година одлучија дека на нивната 9-годишна врска конечно ѝ дошол крајот.

По раскинувањето, Скот отишол на одвикнување и иако никогаш не се венчале, Кортни во гостување за Entertainment открила дека нејзиниот поранешен сопруг ќе имал шанси, да останел трезен.

Откако раскинале, Кортни имала неколку љубовни врски, а потоа се омажи за Тревис Бејкер, кому неодамна му роди дете. Таа очајно се обидувала да остане бремена, па призна и дека ја пиела неговата сперма за да се случи тоа што побрзо. Не застанала додека не си ја остварила желбата.

Од друга страна, Скот Дисик уживал во љубовните врски со многу помлади девојки. Врската со Амелија Хамли предизвика лавина коментари, со оглед на тоа што таа во тој момент имала 19 години, а разликата меѓу нив била 18 години. Нејзините родители не ја поддржувале оваа врска, додека таа на сите начини се обидувала да го задржи Скот.

Иако имала само 19 години, имала направено низа естетски зафати, што наишло на негативни коментари:

„Никогаш нема да бидеш Кортни. Девојче, имаш само 19 години, остави ги пластичните операции и фати се за учење. Дечко ти сака да направи пластична кукла од тебе“, гласеле дел од коментарите.

Скот сега ужива во љубовта со Сара Бауер која е 12 години помлада од него. Скот, исто така, бил и во љубовна врска со Софија Ричи, која наводно го оставила, бидејќи бил зависен од алкохол.

Паметно искористила тројца славни мажи и заработила милиони: Единствено била понижена од 16 години постариот Скот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.