Паметно искористила тројца славни мажи и заработила милиони: Единствено била понижена од 16 години постариот Скот

Мала богаташка

Љубовниот живот на Софија Ричи отсекогаш привлекувал големо внимание, бидејќи одела само со славни мажи

Ќерката на легендарниот пејач Лајонел Ричи, Софија Ричи, уште како тинејџерка завршила во центарот на медиумското внимание, поради своите љубовни врски, но и поради животот на висока нога.

Со луксузниот стил на живот често предизвикувала негативни коментари на социјалните мрежи, а славата на татко ѝ и врската со Џастин Бибер ѝ биле отскочна штица за да изгради сопствена кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie)

Имено, запловила во светот на моделството, работејќи како манекенка, што ѝ донело големи пара и слава.

По турбулентната врска со поранешниот дечко на Кортни Кардашијан, Скот Дисик, кој е 16 години постар од неа, убавата богата наследничка ужива во врската со милионерот Елиот Греинг.

Тие се свршени веќе неколку месеци и ретко се одвојуваат, а својата љубов ја кријат од очите на јавноста, иако на ретките папарацо-фотки може да се види дека емоциите меѓу нив се многу силни. Инаку, Елиот е син на извршниот директор на Universal Music Group, а ја запросил Софија во април минатата година на многу романтичен начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie)

Инаку, анонимен извор изјавил дека врската со Елиот ѝ е вистинско олеснување по контроверзниот Скот Дисик и сето тоа што тој ѝ го правел.

„Нивната врска е цврста и на Софија ѝ се допаѓа тоа што нема никакви драми. Таа го обожава тоа што е опуштен и смирен, се забавуваат заедно, дури и дома се скромни“, рекол изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Richie (@sofiarichie)


Гласините за нивната романса се појавиле во 2021 година, откако биле фотографирани кога биле заедно излезени, а само неколку дена подоцна, врската ја потврдиле и на Инстаграм. Од самиот почеток се чинело дека и таткото на Софија ја одобрува оваа врска.

„Тој мисли дека се совршена двојка и дека природно е тоа што Софија и Елиот се споиле“, рекол изворот минатата година.

Да се потсетиме, Софија Ричи и Скот Дисик биле во врска, а таа дури и се појавила во неколку епизоди на Keeping Up with the Kardashians. Тогаш многумина коментирале дека Скот се однесувал многу нефер кон Софија и дозволил Кортни и нејзините сестри да ја понижуваат, а изигрувала и дадилка на неговите деца.

Инаку, Софија отсекогаш ја критикувале поради раскошниот живот, а благодарение на популарноста на социјалните мрежи, остварила голема заработка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.