„Се разведов од балкански сноб кој ме третираше како слугинка“: Се омажила за Германец и почувствувала неверојатна разлика

Вечна дилема

Разводот никогаш не е пријатна ситуација, но една Македонка се преродила откако го оставила сопругот и запознала Германец

Кога на еден форум се покренала темата какви мажи се Балканците, една дама открила дека се развела од еден таков, бидејќи не можела повеќе да го толерира угнетувањето од својот сопруг.

„Се разведов од балкански сноб кој ме третираше како слугинка и како своја сопственост. Сега имам Германец покрај себе, кој во она што кај нас на Балканот се смета за обичен ручек, гледа специјалитет што можел да го јаде само во ресторани. Ме чува како капка на дланка“, напишала жената од нашите краишта, опишувајќи каков ѝ бил првиот брак, а каков ѝ е вториот со странец.

Нејзиниот пример предизвикал лавина од коментари. И додека многу жени се согласиле дека Балканците знаат да бидат многу незгодни, имало и такви што ги бранеле.

„Драго ми е за тебе. Но еве јас сум омажена за човек од Србија и живеам сосема нормално. Се почитуваме и се поддржуваме во сè. Тука сме еден за друг и во добро и во лошо. Добро се согласувам и со свекорот и свекрвата. Ги делиме домашните обврски, но не строго. Гледам дека тоа е ретка појава, па ги обвинуваат луѓето од Балканот. Но, ете, има и тука нормални“, гласел коментарот на една дама.

Меѓутоа, уште една госпоѓа имала многу непријатно искуство.

„Бев мажена 15 години за човек кој важеше за голем господин во Скопје. Тоа и јас го мислев додека не започнавме заеднички живот. Потоа си го покажа вистинското лице. Ми наредуваше што да правам, апсолутно не сакаше да ми помага околу домашните обврски, а се подразбираше дека сама треба да се грижам и за децата. Почнав да дишам откако се разведов“, истакнала.

Каков е вашиот став кога станува збор за Балканците?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.