Невестата има 15 години, а младоженецот 10: Ромските свадби на малолетници во Русија се случуваат и денес!

Еве како изгледаат

Малолетничките бракови сè уште постојат во ромските заедници во Русија, а еве како изгледаат свадбите

„Кога ми најдоа маж, не го сакав – но тоа не ни беше важно, бидејќи моите родители веќе го одбраа. Такви се нашите обичаи – ако не ти се допаѓа идниот маж, не можеш да направиш ништо во врска со тоа. Подоцна ќе научиш да го сакаш“, вака зборува и се смешка младата Касандра додека мие садови.

Таа се омажила пред една година и сега живее со сопругот Јаш, кој има 12 години. Живеат во заедница во мало место, каде што живеат Калдерашките Роми. Овие Роми живеат во Русија повеќе од еден век, грижејќи се за своите обичаи да не паднат во заборав. Иако нивните песни и танци главно се заборавени, Калдерашите и понатаму се придржуваат до еден нивен обичај: венчавањето малолетници.

Иако е 21. век, Калдерашите стапуваат во брак многу млади. Момчињата се венчаваат од 10-тата до 12-тата година, додека девојчињата се мажат од 15-тата до 16-тата година.

Ромите Калдераши пристигнале од Романија во Русија кон крајот на 19. век. Нивното име е изведено од ромскиот збор за „котел“, бидејќи биле познати по изработката и продажбата на лонци. Калдерашите не треба да се мешаат со таканаречените руски Роми, кои со векови живеат во Русија и течно зборуваат руски.

Калдерашки бракови

Родителите имаат задача да најдат невеста или младоженец за своето дете и воопшто не е важно дали децата се познаваат меѓусебно. Калдерашите веруваат дека децата на крајот ќе се засакаат и ќе научат да живеат во брак.

За невестата се плаќа вреден мираз, односно златници во вредност од неколку илјади долари. Во минатото, семејството на младоженецот морало да ѝ купи фустани на невестата, кои таа ќе ги носи во наредните 10 години, но денес младите претпочитаат пари, за да можат самите да си одберат модерни фустани.

За време на ромската венчавка, невестата и младоженецот не се бакнуваат, не играат заедно, дури и не разговараат. Не брзаат, бидејќи ќе имаат цел живот за да се запознаат. Освен тоа, бидејќи сè уште се деца, нивната врска уште некое време ќе биде платонска.

Родителите на младоженецот добро плаќаат за невестата, па од неа очекуваат да биде вредна. Првите неколку години, грижата за домот и семејството ќе биде главната задача на младата сопруга. Потоа, ќе ѝ биде дозволено да почне да заработува пари со гатање.

Ромската венчавка е голем настан за целата заедница: тоа е обред за премин во животот на возрасните, но и средство за да се заштити традицијата на Калдерашите. Иако подразбира стапување во брак со комплетно непозната личност и добивање многу должности во младоста, венчавката, сепак, се смета за еден од најубавите настани во животот на еден Калдераш.

Во продолжение, погледнете го документарецот за свадбите на овој ромски народ.

Пазар на невести: Место каде што мајките си ги продаваат ќерките, а тракторот вреди повеќе од жената!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.