Пазар на невести: Место каде што мајките си ги продаваат ќерките, а тракторот вреди повеќе од жената!

Цената зависи од една работа

Ромскиот пазар на невести се наоѓа во Бугарија!

Овој народ, познат и под името Калаиџи, традиционално заработува за живот со собирање бакар. Во ова мало место каде што живеат околу 18.000 Роми, условите за живот се тешки и токму Калаиџите се меѓу најсиромашните. Овој „пазар“ на невести е нивен начин на заработка.

На прв поглед, настанот изгледа како свадбена прослава, на улиците може да се видат луѓе кои играат на музика, јадат, пијат и се веселат. Сето тоа се случува на полјана надвор од градот, а целта е, всушност, продажба на невести.

Млади тинејџерки со многу шминка, комплицирана фризура и во нови фустани, танцуваат и се запознаваат со момци. Мајките ги следат, горди на фактот што нивните ќерки пораснале доволно за да ја испочитуваат традицијата на својот народ.

Родителите се ценкаат за своите ќерки

Калаиџите водат комплицирани преговори, се ценкаат околу невестите што сакаат да ги купат, а потоа да ги доведат дома. Љубовта е споредна. Најважен е миразот. Девојките на 15 години знаат дека кога ќе се омажат, тоа го означува крајот на нивниот дотогашен живот и почетокот на оној во кој имаат улога на сопруга, а потоа и на мајка.

Оваа полуномадска популација на Роми е позната по својот древен занает на изработување и поправање лонци, тавчиња и тенџериња. Обично живеат во напуштени села, далеку едни од други. На девојките и жените не им е дозволено да се состануваат или забавуваат со ниту еден машки член на заедницата.

Најважно е девојката да биде невина за да може семејството да ја продаде за голема сума на пари. Во спротивно, ако се знае дека девојката не е невина, таа се продава за најниската можна цена.

Ова е единствената можност за девојките да комуницираат со мажи надвор од нивните семејства.

Жените вредат од 7.500 до 11.300 долари

Не е дозволено запознавање на други денови или надвор од оваа манифестација. Тинејџерките секогаш се во придружба на членови од семејството кои внимателно ги чуваат. Исто така, бракот надвор од нивната заедница е табу.

Мажите на овој пазар трошат од 7500 до 11300 долари на ценкање.

„Мажите не ја купуваат жената, туку нејзината невиност. Ако навистина е убава, цената може да порасне. Традиција е овие семејства да ја омажат својата ќерка помеѓу нејзината 16 и 20 година. Повеќето девојчиња не завршуваат повеќе од осум одделенија во основно училиште, бидејќи веруваат дека некој би можел да ги ‘украде’ по 16. година. Тогаш, родителите ги затвораат дома“, раскажал етнограф за „Њујорк Тајмс“.

Меѓутоа, традицијата е сериозно разнишана токму поради фактот што младите Роми веќе не сакаат родителите да им договараат бракови. Со помош на мобилните телефони, тие го осознале светот што ги опкружува.

Калаиџиите денес сè помалку се занимаваат со производство на лонци, бидејќи денес поевтини се тие од Кина. Па затоа, мажите од оваа ромска заедница сè почесто се занимаваат со градежни работи. Тие заминуваат во други држави како надничари, а кога ќе се вратат, полека пренесуваат обичаи од други култури во својата заедница.

Постарите жени сè повеќе се залагаат за автономија. Тие сакаат да излезат од дома, но лошото образование и економската нестабилност ги спречува во тоа. Па така, пазарот на невести сè уште постои, но во многу помал обем.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.