УРНЕБЕСНО: 80 милиони прегледи за видеото на кое жена експресно ги бојадисува ѕидовите (ВИДЕО)

Нагазила жената

Тиктокерката Амариљас Алаја Мар објави видео на кое се гледа како една жена се обидува да стави корниза за завеси. За да стаса до плафонот, несреќната жена се качува на канта полна со боја, а неколку секунди подоцна капакот на кантата попуштил под притисокот на нејзината тежина.

Жената упаднала со нозете во кантата, а белата боја завршила на подот, ѕидовите, врз неа и врз жената која ѝ помагала.

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а ја лајкнале дури 6,4 милиони луѓе.

Погледнете:

@maritza_amarillas♬ sonido original – Peter8318

Импресиониран сум, никогаш не сум видел некој толку брзо да ги бојадиса ѕидовите. Но, и прозорците, завесите, подот и пријателката, се пошегувал еден тиктокер.

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.