Нарачала костим од 5000 денари преку Интернет: Кога пристигнал, не знаела дали да плаче или да се смее!

„Што е ова?“

Во денешно време, онлајн-нарачките се многу популарни, па бројни инфлуенсерки ги споделуваат своите искуства со ваквиот вид шопинг, без разлика дали биле позитивни или негативни

Онлајн-шопингот станува сè попопуларен во светот, па многумина од нас со голем интерес ги следат искуствата на инфлуенсерите кои несебично ги споделуваат своите впечатоци, без разлика дали биле воодушевени или разочарани.

Една од истакнатите модни инфлуенсерки Талија Веб неодамна одлучила да се почести со прекрасен зелен костим од Интернет, инвестирајќи речиси 5000 денари во него. Но очекувањата и реалноста, за жал, не се усогласиле.

Кога долго очекуваниот костим пристигнал на нејзината домашна адреса, таа нетрпеливо решила веднаш да го облече и потоа да ја забележи својата реакција во ТикТок видео, кое за кратко време развеселило многумина.

@taliawebb8 😂😂😂😂😂😂 surely not… do think an iron would help! Follow my insta _taliawebb 💚 #foryoupage #trending #fyp ♬ OG THE PASTELS – Kneely_Knight

Во видеото, прво се појавуваат сликите од Интернет, а потоа, гледаме како „зелени крпи“ висат околу неа.

Нејзините верни следбеници, препознавајќи го нејзиниот хумористичен тон, набрзо ја охрабриле и ѝ предложиле да се обиде со пеглање да направи нешто од костимот, кој изгледа како да го „изџвакала крава“. Талија го послушала нивниот совет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.