Бизарна реакција на Ди Каприо откако го допрела жена постара од 25 години: Изразот на неговото лице кажува сè!

Урнебесно!

Реакцијата на Леонардо Ди Каприо откако случајно го допрела постара жена е урнебесна. Славната пејачка во тој момент имала 30 години, па можеби затоа Ди Каприо имал таква гримаса

Славниот актер Леонардо Ди Каприо во последно време ги полни медиумските наслови, поради раскинувањето на долгогодишната врска со манекенката Камила Мороне.

Целата ситуација не би привлекла многу внимание, ниту би била толку интересна да не се покажеа шпекулациите и тврдењата за неговите бизарни љубовни правила како вистинити.

Имено, се верува дека актерот не може да биде со девојка постара од 25 години, а неговата девојка Камила штотуку наполнила 25, по што била оставена.

Веќе почна да се пишува дека Ди Каприо нашол замена за Камила, додека едно видео стана хит.

Имено, станува збор за доделувањето Златни глобуси во 2016 година, кога пејачката Леди Гага поминала покрај него и го допрела. Во прв план е неговата чудна реакција.

Да се потсетиме дека пејачката во тој момент имала 30 години, што се коси со неговите стандарди кога станува збор за изборот на жени.

Откако пејачката случајно го допрела додека била во поминување, актерот направил урнебесна гримаса, што покажува дека бил згрозен.

Инаку, Ди Каприо својата сега веќе поранешна љубов Камила, ја запознала кога имала 12 години, со посредство на славниот актер Ал Пачино. Откако Камила станала девојка, актерот брзо запловил во љубовна врска со неа. Се чини дека во тој момент била одлична прилика, бидејќи била многу млада.

Сепак, судејќи според досегашното љубовно искуство на славниот актер, исходот од нивната врска бил очекуван.

„Не ги остава тој девојките, тие го оставаат него кога ќе сфатат дека има 47 години“: Порно-ѕвездата „удри“ по Леонардо Ди Каприо! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.