Во чест на жената на која ѝ се восхитува целиот свет: Сите членови на кралското семејство објавиле иста фотографија

Погледнете

Кралицата Елизабета Втора почина вчера на 96 години во Балморал. Сите профили на повисоките членови на британскиот двор вчера вечерта изгледаа исто, во чест на поранешната британска владетелка

На инстаграм-профилот на кралското семејство беше објавена фотографијата на британскиот грб и фотографија од Елизабета Втора со соопштение за нејзината смрт.

Истата глетка може да ја затекнеме и на твитер-профилот на Кенсинготнската палата, како и на профилот на принцот Чарлс и војвотката од Корнвол, односно на нивната страница Klarens haus.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Да се потсетиме, вчера утрината лекарите соопштија дека кралицата е во тешка состојба. Нивна препорака беше Елизабета Втора да остане во Балморал, каде што набрзо пристигнаа членовите од нејзиното семејство.

ПОЧИНА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Илјадници граѓани пред Бакингемската палата – знамињата спуштени на половина копје (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.