ПОЧИНА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Илјадници граѓани пред Бакингемската палата – знамињата спуштени на половина копје (ФОТО)

Елизабета се сретна со премиерот во заминување Борис Џонсон пред да ја назначи новата премиерка Лиз Трас во вторникот во Балморал. Потоа, британската кралица Елизабета Втора го одложи состанокот со своите советници од Државниот совет на Велика Британија, кој требаше да се одржи вчера, откако лекарите ја советуваа да се одмори.

По дополнителна проценка утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор. Кралицата останува во Балморал – се вели во соопштението.

Велика Британија ќе влезе во 10-дневна официјална жалост поради загубата на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст.

Бидејќи се во тек подготовките за погребот, веднаш започнува процесот на пристапување на новиот шеф на државата.

Принцот Чарлс (73) сега е де факто крал, иако протоколот налага тој да биде прогласен за нов монарх ден по смртта на кралицата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.