Брена на работ на солзи призна: Осамена сум, ми недостига семејството, ќе се иселам од дома за да не гледам во тие празни соби

Пораснаа децата

Фото: Рајко Ристиќ

Една од најголемите ѕвезди на овие простори Лепа Брена не зборува често за приватниот живот, а особено не за животот на синовите, но пред неодамнешниот настап откри некои детали.

Оваа сезона беше прекрасна. Ќе направам кратко видео за да им се заблагодарам на оние кои ме сакаат и кои ме поддржуваат сите овие години. Добро се одморивме, ја започнуваме она што вие го нарекувате есенска сезона, а јас велам 41-годишна кариера, што ме одржува во топ-форма. Кон крајот на овој месец ќе има многу новости. Со мојот тим подготвувам проект кој е поврзан со убавината на жените, без разлика на возраста и тежината. Наскоро ќе направиме убава промоција и ќе се занимаваме со женската убавина. Нема да знимам нови песни. Чекам композиторите да добијат инспирација по короната, малку да „оживеат“, да се случи нешто, да направат нешто убаво и паметно од кое нема да се срамат и што ќе можам да го искажам едноставно со моите емоции – изјави Брена за српски „Телеграф“, и откри дали нејзиниот син Виктор се свршил.

lepa brena i boba zivojinovicТоа не беше Виктор, туку негов многу добар пријател. Одзади многу личат, но не е вистина – открила фолк-ѕвездата и признала дали посакува свадба на синовите.

Се’ уште не ја сакам свадбата на Виктор, но можеби и на Стефан – искрена беше Брена коментирајќи ги шпекулациите дека нејзиниот син Стефан ја прекинал врската со својата долгогодишна девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Не знам, верувај ми. Кој со кого раскинува и што прават. Јас сум мајка која не ги следи сите овие настани. Тие се млади момци и мислам дека според некој редослед, некаква култура и некое воспитување што го имаат, ќе не’ запознаат со нивната изрбаничка кога ќе помислат дека тоа треба да се случи. Дотогаш нека се забавуваат, нека уживаат, нека пробаат. Не треба да се венчате веднаш, а особено не пред да наполните триесет. Значи, важно е и за мажите и за жените – изјавила и признала дали сака да стане баба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Имам три внуци, така да кажам. Од мојата сестра Факета, ќерката Мајда има две деца, Доминик и Викторија. Па јас сум веќе долго време баба. На Александар сум му нова баба, иако велам дека сум сопруга на дедо му. Тој има баба од страната на татко му, има баба од страната на мајка му и некои други варијанти, така што јас сум секогаш резервна баба – на шега рече Брена, откривајќи како успева да ги балансира работните обврски со семејството.

Љубовта што ја добив од публиката беше мојот животен извор, мојата сила и мојата енергија, но кога си дома, ти треба некој кој е твој вистински крвен роднина. Многу ми е мило кога кај мене доаѓаат Мајда, Доминик и Викторија. Филип работи многу, Александра многу работи, и јас работам многу, така што тие моменти кога сме заедно се вредни. Сите работиме и колку што стареам, толку повеќе запаѓам во рутината во која работам се’ повеќе и повеќе и децата се’ веќе пораснати и навистина ми недостига таа врева во куќата, нивното влегување, излегување, па дури и оние доцни враќања дома, затоа што сега секој живее во свој простор, а ние живееме во простор каде што сите соби се празни и тоа некако ме растажува, така што ќе морам да одам во помал простор и да не ги посетувам тие празни соби каде што некогаш беа децата, искрена беше Брена.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.